Pantera

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Pantera

Членовите на Pantera од последната постава. Од лево кон десно: Фил Анселмо, Вини Пол, Дајмбег Дарел и Рекс Браун.
Биографски податоци
Потекло Арлингтон (Тексас), САД
Жанрови грув метал[1]
треш метал[2][3]
хеви метал[4]
Период на активност 1981–2003
Издавачи Metal Magic, Atco, EastWest, Elektra
Соработници Damageplan, Down, Superjoint Ritual, Hellyeah, David Allan Coe, Necrophagia, Southern Isolation
Мреж. место www.pantera.com

Pantera беше американска хеви метал музичка група со потекло од Арлингтон (Тексас). Бендот беше основан во 1981 година од страна на браќата Вини Пол (тапани) и Дајмбег Дарел (гитара), плус вокалот Тери Глејз. Басистот Рекс Браун се придружил следната година. Пејачот Глејз бил заменет со Фил Анселмо во 1987 година, а оттогаш Анселмо останал со групата сѐ до нејзиното растурање во 2003. Со преку 20 милиони продадени албуми на светско ниво, Пантера важат за едни од поуспешните хеви метал бендови од 90-тите години на минатиот век.

Во текот на 80-тите овој состав издал четири студиски албуми кои не доживеале некој позабележителен комерцијален успех. Во текот на 90-тите, започнувајќи со албумот Cowboys from Hell, Пантера станале едни од првите бендови кои го популаризирале грув металот, екстремен подвид на хеви металот. Нивниот следен албум, Vulgar Display of Power (1992) доживеал култен статус во хеви метал заедницата. Првото место на американската Билборд 200 табела за албуми го достигнале со нивното следно студиско издание Far Beyond Driven (1994).

Несогласувањата во бендот се вжештиле во 1995, кога Фил Анселмо станал зависник од хероин. Поради тоа, сесиите за снимање на наредниот албум (објавен 1996) се одвивале одвоено. Тензијата продолжила и во следните седум години, период во кој групата издала само еден албум. Составот морал да земе принуден одмор во 2001, а во 2003 година била донесена конечната одлука за распуштање, откако било јасно дека Анселмо нема да се врати во бендот. Браќата Абот (Вини Пол и Дајмбег Дарел) својата музичка кариера ја продолжиле во Damageplan, додека Анселмо и Рекс Браун го основале Down. Сите надежи дека Патера повторно ќе се обедини паднале во вода со убиството на Дајмбег Дарел во 2004 година, за време на една свирка со неговиот нов бенд Damageplan.[5]

Дискографија[уреди]

Студиски албуми
  • Metal Magic (1983)
  • Projects in the Jungle (1984)
  • I Am the Night (1985)
  • Power Metal (1988)
  • Cowboys from Hell (1990)
  • Vulgar Display of Power (1992)
  • Far Beyond Driven (1994)
  • The Great Southern Trendkill (1996)
  • Reinventing the Steel (2000)

Членови[уреди]

Последна постава
Поранешни членови
  • Дони Харт – вокал (1981–1982)
  • Томи Бредфорд – бас (1981–1982)
  • Тери Глејз – вокал (1982–1986), ритам гитара (1981–1982)

Хронологија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]