HIStory (албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„HIStory: Past, Present and Future, Book I“
Студиски албум / Најголеми хитови од Мајкл Џексон
Издаден јуни 16 1995 (1995-06-16)
Снимен Септември 1994 – Март 1995
Жанр поп, Р&Б, рок, хип хоп
Траење 71:39 (Диск 1)
77:06 (Диск 2)
148:45 (Вкупно)
Издавачка куќа Епик рекордс
Продуцент Мајкл Џексон, Џими Џем & Тери Левис, Далас Аустин, Давид Фостер, Бил Ботрел, Р Кели
Мајкл Џексон — Хронологија
“Dangerous – The Remix Collection„
(1993)
„HIStory: Past, Present and Future, Book I“
(1995)
„Blood on the Dance Floor: HIStory in the Mix“
(1997)
Издадени песни од HIStory: Past, Present and Future, Book I
  1. "Scream/Childhood"
    Издадена: 31 Мај, 1995
  2. "You Are Not Alone"
    Издадена: 15 Август, 1995
  3. "Earth Song"
    Издадена: 27 Ноември, 1995
  4. "This Time Around"
    Издадена: 26 Декември, 1995
  5. "They Don't Care About Us"
    Издадена: 31 Март, 1996
  6. "Stranger in Moscow"
    Издадена: 4 Ноември, 1996

„HIStory: Past, Present and Future, Book I“ (или скратено „HIStory“) е деветиот студиски албум на американскиот пејач Мајкл Џексон и е издаден на 16 Јуни 1995 година од страна на Епик рекордс. Повеќето песни ги напиша и ги испродуцира Мајкл. Албумот е првото негово издание после тужбата за сексуално малтретирање на дете во Август 1993 година.

„HIStory“ е еден од најкотравезните албуми на Џексон. Џексон е оптужуван за антисемитизам поради текстот на песната „They dont care about us“. Џексон неколку пати ја демантираше таа оптужба. Во 2007 во песната „You are not alone“ е откриен плагијаризам, автор на песната е Роберт Силвестер Кели.

Седум синглови се издадени од албумот: „Scream/Childhood“, „You Are Not Alone“, „Earth Song“, „This Time Around“, „They Don't Care About Us“, „Stranger in Moscow“ и „Smile“. Иако не биле успешни во Соединетите Американски Држави, „Earth Song“, „They Don't Care About Us“ и „Stranger in Moscow“ забележале значаен успех на меѓународно ниво, тие станале меѓу десетте најпродавани синглови во многу земји. Првиот диск познат како „HIStory Begins“ е компилација на Џексоновите рани хитови додека другиот „HIStory Continues“ бил компилација на нови песни.

„HIStory“ е генерално позитивно оценет од страна на современите музички критичари. Освен критички, албумот бил и комерцијално успешен наоѓајки се на првото место на топ-листата во дванаесет земји меѓу кој и Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Обединетото Кралство. „HIStory: Past, Present and Future, Book I“ е најпродаваниот албум на сите времиња кој се состои од два или повеќе диска, со околу дваесет милиони продадени копии ширум светот. Номиниран е за пет Греми награди од кои има освоено еден, за најдобар музички спот во кратка форма. Првиот диск на албумот е повторно издаде на 13 Ноември 2001 под насловот „Greatest Hits: HIStory, Volume I“ и е продаден во околу четири милиони копии ширум светот.