Шеќерен летач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шеќерен летач
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Инфракласа: Marsupialia
Ред: Diprotodontia
Фамилија: Petauridae
Род: Petaurus
Вид: P. breviceps
Биномен назив
Petaurus breviceps
Waterhouse, 1839
Природна распространетост на шеќерните летачи:
Црвено: P. b. breviceps
Сино: P. b. longicaudatus
Темно Зелено: P. b. ariel
Златно: P. b. flavidus
Виолетово: P. b. papuanus
Светло Зелено: P. b. tafa
Црно: P. b. biacensis


Шеќерните летачи (Petaurus breviceps) се вид мали летачки посуми со потекло од фамилијата на торбарите. Потекнуваат од источното и северното австралиско крајбрежје, како и од Нова Гвинеја и Бизмарковиот Архипелаг.

Младенче на шеќерен летач

Живеалишта[уреди]

Лесно може да се најдат во секоја шума, каде ги има нивните извори на храна, но особено се чести во еукалиптусовите шуми. Тие се ноќни животни и го преспиваат најголемиот дел од денот во своите гнезда. Се прехрануваат преку лов на инсекти и ситни `рбетници или преку пиење на сокот од различни растенија.

Како Миленици[уреди]

Насeкaде низ светот, а во последните години и во Македонија шеќерните летачи стануваат популарни како домашни миленици, поради која причина тие се едни од најчесто нелегално препродаваните диви животни. Легалната продажба на шеќерните летачи предвидува нивно размножување во заробеништво, додека нелегалните трговци ги фаќаат дирекно во дивината, од нивните живеалишта.

Во Австралија е дозволено нивно одгледување во сите територии, додека тие се најпопуларни миленици во САД, каде во последните години се отвораат големи фарми за размножување на шеќерни летачи. Единствените држави во склоп на САД кои го забрануваат нивното одгледување се Калифорнија, Хаваи, Масачусетс, Аљаска и Пенсилванија.

Бидејќи се релативно нов вид на миленици, како и доста егзотични животни, постојат многу контроверзии поврзани со нивното однесување и нивната репутација. Сепак, ретко кои од тие митови се точни и објективни.