Шабан Иљаз

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шабан Иљаз (р. 1955 во Скопје) ― поет и преведувач од ромска националност во Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Иљаз е роден во Скопје во 1955 година. Завршил средно стручно образование. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1996 година. Преведувал од ромски на македонски јазик и обратно.

Дела[уреди | уреди извор]

Автор е на стихозбирките:

  • Корењата на мојот прадедо (1985),
  • Споменикот на бесмртните (1990), и
  • Светлината на цветот (1998).

Неговите стихови, како впрочем и севкупната литература на Ромите, провоцираат низа прашања и дилеми за битието, љубовта, смртта, за животот со своето секојдневие и за животот со една космополитска свртеност. Тоа се и стихови што ја промовираат мислата на Ромите во Македонија, но и нивната мисла за Македонија и пошироко.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илковски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 604. Text "series " ignored (help)