Чудесната судбина на Амелија Пулен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Чудесната судбина на Амелија Пулен“
Amelie poster.jpg
оригинален француски постер
Режирано од Жан Пјер Жене
Сценарист Жан Пјер Жене (сценарио)
Гијом Лоран (дијалог)
Раскажувач Андре Дусолије
Настапуваат Одри Тоту
Матје Касовиц
Серж Мерлин
Руфус
Џамел Дбуз
Музика Јан Тирсен
Премиера 25 април 2001 (Франција)
5 октомври 2001 (Велика Британија)
16 ноември, 2001 (САД)
21 декември, 2001 (Австралија)
Времетраење 122 мин.
Држава Франција, Германија
Јазик француски
Буџет 11,400,000 евра
Бруто заработка 173,921,954 долари

Чудесната судбина на Амелија Пулен или само Амелија (француски: Le Fabuleux Destin d'Amélie Poulain) е француска романтична комедија на режисерот Жан Пјер Жене снименa во 2001. Главната улога ја толкува Одри Тоту, а сценариото го напишаа Жене и Гијом Лоран. Филмот претставува идеализиран опис на современиот начин на живот во Париз, сместен во Монмартр.

Првобитно, филмот бил прикажан во Франција и Белгија во април 2001.

Амелија доби награда за најдобар европски филм, четири Цезар награди, две БАФТА награди, а беше номиниран и за четири Оскари.

Вкупно има освоено 27 меѓународни филмски награди.

Синопсис[уреди]

Ова е приказна за девојче кое пораснало одвоено од останатите деца. Нејзината мајка починала кога таа била мала. Нејзиниот татко, психолог, никогаш ја немал прегрнато. Само еднаш месечно ја прегледувал и затоа срцето на Амелија баш тогаш ќе почнело силно да чука. Поради тоа, татко ѝ сметал дека се работи за срцева мана, па ја оддалечил од другите деца. Откако ќе го напушти родителскиот дом за да стане независна, таа ќе развие необично активен живот.

Амелија работи како келнерка во малото кафуле „Две ветерници“ во Монмартр чиј сопственик е поранешна циркузантка. На 22 години, Амелија води едноставен живот. Ужива во мали задоволства како собирање каменчиња кои се погодни за фрлање над вода, шетање низ Париз и набљудување луѓе или обидување да пресмета колку луѓе во тој одреден момент доживуваат оргазам („Петнаесет!“, како што ѝ вели на камерата). Еден ден, зад ѕидните плочки во нејзиното купатило, Амелија открива стара метална кутија која припаѓа на некое дете кое порано живеело во нејзиниот стан. Таа одлучува да го пронајде сега возрасниот човек кој ја оставил кутијата и да му ја врати. Ако го најде, ќе го направи среќен; ако не, ништо...

Кога го пронаоѓа човекот, го следи и ја остава кутијата во телефонска говорница. Кога човекот влегува во говорницата во која ѕвонел теленфонот, ја здогледува кутијата и ја отвара. Со тоа му се враќаат сеќавања од детството и потресен оди во најблиското кафуле. Амелија го следи и гледа дека оставила позитивни ефекти на него. Пред неа и келнерите, тој возбудливо раскажува што му се случило. Од тој момент, Амелија одлучува дека во иднина ќе прави добри дела на луѓето за да ги направи среќни, како и на нејзиниот татко, колегите и комшиите.

Но додека таа им обрнува внимание на другите, тие не ѝ обрнуваат неа. Се плаши да не умре поради очај...

Улоги[уреди]