Човечка глава
Од Википедија, слободната енциклопедија
За други значења на поимот, погл. Глава (појаснување).
Цртеж на човечката глава од Леонардо да Винчи.
Во анатомијата, човечката глава (латински: caput) е горниот дел од телото на човекот. Главата се граничи кон вратот со линија која оди по долниот раб на долната вилица, долниот раб на надворешниот ушен отвор и мастоидниот продолжеток и преку горната тилна линија (linea nuchae superior), доаѓа до надворешното тилно испакнување (protuberantia occipitalis externa).
На главата се разликуваат два дела: череп (cranium) и лице (facies). Лицето, придодадено на преднодолниот дел од черепот, се граничи од него со линија која оди од коренот на носот, па преку горниот раб на орбитата и работ на јагодичната коска доаѓа до долниот раб на надворешниот ушен отвор.
| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Поврзано [уреди]
Извори [уреди]
- Bošković, M.S. Anatomija coveka. Medicinska knjiga, Beograd-Zagreb, 1977.
- Карговска-Клисарова А. et al. Анатомија на човекот: Остеологија. Просветно дело, Скопје, 2000.