Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Свети Васил

Координати: 40°39′50.6″N 23°6′59.8″E / 40.664056° СГШ; 23.116611° ИГД / 40.664056; 23.116611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως της Θεοτόκου
Карта
40°39′50.6″N 23°6′59.8″E / 40.664056° СГШ; 23.116611° ИГД / 40.664056; 23.116611
МестоСети Васил, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
ЗавршенаXX век
Управа
Архијерејско намесништвоЛагиновско
ЕпархијаЛагадинско-ајватовско-рендинска

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Свети Васил, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е сместена во источниот дел на селото. Изградена е во XX век и ја заменува старата гробишна црква „Св. Ѓорѓи“ како парохиски храм на селото.[1] Претставува трикорабна базилика со отворен трем на запад и куловидна камбанарија на југозападниот агол. Влезовите се од запад и југ. По изградбата на храмот, во него се префрлени повеќето преносливи икони и вредни предмети од црквата „Св. Ѓорѓи“. Во „Успение на пресв. Богородица“ има 21 пренослива икона и 19 стари книги.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-12.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]