Црква „Св. Архангел Михаил“ - Радожда

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Архангел Михаил
Mihael Radožda.jpg

Фреска на Св. Архангел Михаил во црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архиерејско намесништво Струшко
Парохија Трета струшка
Местоположба
Населено место Радожда
Општина Струга
Држава Македонија
Општи информации
Патрон Архангел Михаил
Архитектонски опис
Портал


Свети Архангел Михаил е пештерна црква во струшкото село Радожда[1]. Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро, над с. Радожда. Црквата е посветена на војсководителот на Небесните Сили - Архистратигот Михаил.

Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од 14 век, а посебно се истакнува единствената сочувана композиција од 13 век, со претстава "Чудото во Хона" - насликана во чест на патронот кому е посветена црквата.

Зографот што го насликал овој лик ни се прикажува не само како надарен мајстор, туку и напреден творец кој ги излага новите непознати уметнички идеали - внесувајќи во ликот внатрешна сугестивност.

Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на 14. век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници.

Нема сомнение дека помладиот слој живопис на Свети Архангел Михаил од пештерната црква е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од 14. век.

Ноќта помеѓу 12 и 13 ноември 2011 имало и обид за кражба во црквата, каде сторителот извршил пребарување, а откако не одзел ништо го напуштил местото.[2]Истата ноќ, во другата селска црква „Св. Никола“ била извршена тешка кражба, каде биле украдени 12 вредни икони кои потекнуваат од 19 век како и еден сребрен крст со подлошка.[3]

[уреди] Надворешни врски

[уреди] Наводи

  1. „Струшко архиерејско намесништво“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://www.dke.org.mk/namesnistva/strusko.asp. проверено на 2010-05-17. 
  2. Аритоновска, Нина (14.11.2011 - 12:11). „Ограбени цркви во струшко Радожда“ (на македонски). Сител. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ograbeni-crkvi-vo-strushko-radozda. проверено на 2011-11-15. 
  3. Момировски, Горан (14.11.2011). „УКРАДЕНИ 12 ИКОНИ И СРЕБРЕН КРСТ ОД ЦРКВАТА ВО РАДОЖДА“ (на македонски). Телма. http://www.telma.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=12216. проверено на 2011-11-15. 


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици