Црква „Св. Троица“ - Козбунар
Света Троица
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Радовишко |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°43′28.4″N 22°28′57.9″E / 41.724556° СГШ; 22.482750° ИГД |
Место | Козбунар |
Општина | Радовиш |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | крстокуполен храм |
Света Троица — црква во селото Козбунар.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Црквата е сместена на падините на планината Плачковица, од десната страна на патот од Радовиш, на околу 1,6 км од селото Козбунар.
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида на источната страна. Куполата на црквата е со квадратна основа и заоблени агли. На секоја нејзина страна и на заоблените агли има по една монофора. По една монофора има и на апсидата, на полукружните странични крила, како и на крајот од северната и јужната страна. Влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Објектот е обоен во бела боја, акуполата се забележува дека е од тули. Храмот во целост е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата има трпезарија, помошна градба и летниковец.
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Поглед на црквата
-
Северната и западната страна
-
Северната страна
-
Куполата
-
Апсидата
-
Припратата со влезот
-
Дворот на црквата
-
Трпезаријата
-
Помошната градба