Црква „Св. Никола“ - Копанце

Координати: 42°2′44″N 21°8′16″E / 42.04556° СГШ; 21.13778° ИГД / 42.04556; 21.13778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Сиричинско-раотинска
Местоположба

Карта

Координати 42°2′44″N 21°8′16″E / 42.04556° СГШ; 21.13778° ИГД / 42.04556; 21.13778
Место Копанце
Општина Јегуновце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1900
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во селото Копанце, Македонија.[1]

Црквата се наоѓа во самото село. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Копанце, денес целосно опколена од куќи на албанското население.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на отоманскиот период, во Копанце постоеле рушевини на една црква, каде мештаните колеле курбан за Свети Никола Летен. До тие рушевини се наоѓало старо брестово дрво. На местото на црквиштето во 1900 година била подигната денешната црква.[2]

Според натписна плоча на самата црква, црквата била обновена од темел во 1978 година и била реновирана во 2017 година, најмногу со средства на самите мештани и дијаспората.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 459.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]