Црква „Св. Димитриј“ - Лакос

Координати: 41°8′54.0″N 23°37′38.8″E / 41.148333° СГШ; 23.627444° ИГД / 41.148333; 23.627444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Фреска „Воскресение Христово“ во апсидата
Карта
41°8′54.0″N 23°37′38.8″E / 41.148333° СГШ; 23.627444° ИГД / 41.148333; 23.627444
МестоЛакос, Серско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1867
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Димитриј (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во поранешното село Лакос, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Ова е единствената преостаната градба од некогашното село.[1]

Лакос било чисто македонско село сместено на 7 км северно од градот Сер, над манастирот „Св. Јован Претеча“. Било опожарено и уништено од грчката војска во 1913 г. за време на Втората балканска војна.[1]

Црквата се наоѓа под патот во чемпресова шумичка, а дворoт ѝ е ограден со ниска камена ограда. Изградена е во 1867 г. Од север до храмот се стасува по камени скалила. На источниот крај на црквата, до апсидата однадвор има мала прилепена костурница со паднат покрив. Има влез од запад кон женската црква, а главниот влез е од југ низ мала дрвена врата. Внатре наосот е поделен на три кораби со некогаш насликани колонади. Подот бил покриен со камени плочи, од кои неколку се останати денес. Женската црква на запад има богато украсен парапет, но скалиштето кон неа е паднато. Таванот е дрвен со украси. Иконостасот исто така е дрвен и има сончев диск во горниот дел, но без иконите и царските двери. Крај двата долги ѕида има остатоци од столици за верниците.[1]

На северниот крај на царскиот ред икони на иконостасот е претставено Исусовото воскресение. Од десната страна на ореолот стои ІС, а од десната ХС. Зад него долу е камената плоча на Христовиот гроб, а горе е Крстот. На заден план горе од двете страни на Христос има два ангела, а на попреден план има други фигури. Од десната страна е Богородица, а од левата е Свети Јован Богослов. Долу има текст со годината 1867[1]

На јужниот крај на иконостасот е претставена Богородица со Младенецот, облечена во сино. На долниот крај има краток текст, и под него 20 септември 1869 г.[1]

На јужниот ѕид на наосот, до иконостасот, меѓу два прозора е сцената „Архангел Михаил му ја одзема душата на богатиот“. Се забележува легнат белокос старец со брада и дигната лева рака, а над него оштетена претстава на Архангел Михаил, кој со левата нога е го притиска рамото на дигнатата рака. Долу е обележана годината 1868 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Митринов, Георги (2012). „Църквата „Св. Димитър" в българското село Лакос, Сярско“. Будител (1): 87–95. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)