Црква „Св. Димитриј“ - Градец

Координати: 41°22′32″N 22°24′13″E / 41.37556° СГШ; 22.40361° ИГД / 41.37556; 22.40361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Валандовска
Местоположба

Карта

Координати 41°22′32″N 22°24′13″E / 41.37556° СГШ; 22.40361° ИГД / 41.37556; 22.40361
Место Градец
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба средина на XIX век
Живопис 1873
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен

Свети Димитриј — главна селска црква во валандовското село Градец, Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во самото средиште на селото Градец, иако поради напуштањето на селото целосно е обрасната со вегетација и скоро невидлива од самиот земјен пат.

Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во средината на XIX век (пред 1860 година).

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани и повисок средиштен кораб; со нартекс на западната страна и голема полукружна олтарна апсида од надвор на источниот ѕид, над кој има округли окна. Црквата е вкопана и изградена од обичен камен со калкански покрив.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Живописана е во 1873 година, за што сведочат двата натписа (на грчки и црковнословенски) на насликаниот фрескоживопис на северната страна од надворешниот ѕид со претстава на композицијата „Страшниот суд“, дело на познатиот струмички зограф Григориј Пецанов. Датумот на натписот е 28 август 1873 година, а насликаната површина е долга околу 11 метри и го опфаќа просторот од левата и десната страна вратата. Фреските се во лоша состојба.[2]

Икони и иконостас[уреди | уреди извор]

Иконите се насликани во 1869 година од познатиот зограф Исаија Џиков од селото Осој, Дебарско.

Иконостасот, исто така дело на Исаија Џиков, е пренесен во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Удово.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.
  3. „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 30 ноември 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]