Црква „Св. Ѓорѓи“ - Брајковци

Координати: 41°17′31″N 22°31′39″E / 41.29194° СГШ; 22.52750° ИГД / 41.29194; 22.52750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Валандовска
Местоположба

Карта

Координати 41°17′31″N 22°31′39″E / 41.29194° СГШ; 22.52750° ИГД / 41.29194; 22.52750
Место Брајковци
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба XIX век
1931
Рушење 1931
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во валандовското село Брајковци, Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поправки на црквата по земјотресот во 1931 година

Црквата е изградена на едно возвишено место на крајот од селото, на југоисточната страна.[2] До нејзе води земјен пат, меѓу последните куќи во селото.

Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.

Историја[уреди | уреди извор]

Старата црква, пред земјотресот од 1931 година, според народното предание, била изградена во втората половина на XIX век, пред 1870 година од папрадиштанецот Андон Китанов.[3]

На неа имало натпис, што се наоѓал над главната влезна врата, кој по извршените поправки на објектот (по земјотресот), бил уништен.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Тоа е ниска и недоволно угледна архитектурна градба, чиј влез во внатрешноста на храмот се наоѓа на јужната страна.[2]

Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На средината на централниот кораб има насликано икона со претстава на Исус Христос Седржител. Осветлена е преку четири прозорци во наосот (по два на јужниот и северниот ѕид). Црквата има влез и од западната страна. Од јужната страна има отворен трем.

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата не е живописана.[2]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконите во црквата датираат од XIX век.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 21 јануари 2024.
  3. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]