Хомополисахарид

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хомополисахариди — сложени високомолекуларни соединенија составени од голем број молекули од ист моносахарид. Во фармацевтската практика се користат: скроб, декстрин и инсулин.

Скроб (Amylum)[уреди | уреди извор]

Скробот се создава како директен производ на фотосинтезата и во облик на зрна се депонира во амилопластите во: плодовите, во семињата и во подземните органи, грутки и ризоми. Секое зрно скроб се состои од голем број молекули гликоза.

Декстрин (Dextrinum)[уреди | уреди извор]

Декстрините претставуваат смеса од јаглехидрати, а се добиваат од скробот, по хидролиза со јаки минерални киселини на повисока температура (до 200℃), или со хидролиза во присуство на ензимот малтаза. Претставуваат жолтеникави аморфни прашкасти материи, со слаткаст вкус и со својствен мирис. Во вода даваат лепливи колоидни раствори. Во фармацевтската технологија декстрините наоѓаат примена како средства за разблажување дроги со јако дејство и за разблажување растителни екстракти. Во голема мера се користат како нутритивни средства. Комерцијално се користат во производство на лепила и во текстилната индустрија.

Инсулин (Insulinum)[уреди | уреди извор]

Инсулин е хомополисахарид што се состои од голем број молекули фруктоза. Се среќава во подземните органи на претставниците од фамилијата Asteraceae. Се депонира како резервен полисахарид, некогаш во количини и до 50%. Се раствора само во зовриена вода, а добиените раствори се вискозни.

Инсулинот се користи за добивање фруктоза. Наоѓа примена и како засладувач во исхраната на луѓе со дијабет. Од растителните дроги што содржат поголемо количество инсулин значајни се: корен од глуварче (Taraxaci radix) и корен од сина жолчка (Cichoriae radix).