Хомологија (биологија)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Хомологиите се анатомски или генски карактеристики на различни организми кои имаат сличен изглед или функција бидејќи се наследени од заеднички предок кој исто така ги поседувал. На пример, предните екстремитети на волкот, крилата на птицата и човечката рака ги имаат истите функционални типови на коски, исто како што ги имал и заедничкиот рептилски предок на овие три групи животни. Значи, овие коски се хомологни структури. Колку повеќе хомологии поседуваат два организми, толку е поверојатно дека тие имаат блиско генетско сродство.
Меѓутоа, neможе да постојат и нехомологни структурни сличности помеѓу видовите. При вакви случаи, заедничкиот предок не ги имал истите анатомски структури како своите наследници. Сличностите кои се јавуваат кај наследниците се резултат од независен развиток во новите сепаративни еволутивни линии. Такви збунувачки сличности се нарекуваат хомоплазии. Хомопластичните структури може да се должат на паралелизам, конвергенција, аналогија или од спонтаност.
