Екстремитет
Екстремитет (од лат. extremitas = „крајност“)[1] е крак на телото кај луѓето и животните. Може да биде зглобен (раце и нозе) или беззглобен (пипци и опашка) и служи за зафат или опирање при движење.
Кај највеќето животни, екстремитетите служат за движење како одење, трчање и искачување. Некои животни ги користат предните екстремитети (или горните, како кај луѓето) за ракување со предмети, а постојат и такви што го можат истото и со задните екстремитети.
Кај човечкото тело, горните и долните екстремитети се нарекуваат раце и нозе. Нозете и стапалата на луѓето се приспособени за двожење на две нозе – највеќето други цицачи одат и трчаат на сите четири екстремитети. Човечките раце се послаби, но затоа се многу поподвижни и повешти. Достигаат далеку и под разни агли, и се оспособени за цврсто зграпчување и прецизно ракување со предмети.
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ „екстремитет“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |