Хевристика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хевристика (од грч. heurisko; најде/наоѓа) е наука за методите во истражувањето на новите сознанија и вештина за пронаоѓање на вистината.[1] Во информатичките науки, хевристиката се дефинира како пристап за изнаоѓање соодветен алгоритам што би нѐ довел до точно решение.[2] Во поважните хевристички методи се вбројуваат хипотезата, здравиот разум или пак донесување одлука врз основа на претходно стекнатото искуство. Оваа наука е поврзана со многу природни и хуманистички науки кои бараат решение на некој постоен проблем, а меѓу нив се математика, информатика, логика, психологија, филозофија и право.

Содржина

Наводи [уреди]

Надворешни врски [уреди]

Литература [уреди]

Поврзано [уреди]