Фулда (река)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Фулда | |
Фулда во Касел |
|
| Извор | Рен |
|---|---|
| Устие | Везер |
| Земји во сливот | Германија |
| Должина | 218 |
| Надм. вис. на изворот | 850 |
| Сливно подрачје | 6.932 |
Фулда (герм. Fulda) е река во покраината Хесен, Германија и една од двете реки што се спојуваат, сочинувајќи ја поголемата река Везер (другата е Вера). Реката Фулда е долга 218 км.
Реката извира кај Васеркрупе во масивот Рен. Оттука тече на североисток, опкружена со планините од венецот Книл на запад и шумата Зојлингсвалд. Кај Бебра врти кон северозапад.
Откако ќе ѝ се придружи притоката Едра, Фулда тече северно право до Касел, па врти на североисток, каде на исток е шумата Кауфунген, а на северозапад е почетокот на шумата Рајнхардсвалд. На северниот крај кај Хановерски Минден, Фулда се спојува со реката Вера и го образува Везер.
Населени места [уреди]
Населени места долж течението на Фулда:
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
Медиумски материјали поврзани со Фулда на Ризницата.- Лет кај фулда (видеоклип, 10 МБ, 1:20 мин)