Френк Камени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Френк Камени
Frank Kameny in June 2009.jpg
Френк Камени, јуни 2009 година
Роден Френклин Едвард Камени
мај 21, 1925(1925-05-21)
Њујорк Сити, Њујорк, САД
Починал октомври 11, 2011(2011-10-11) (на 86 год.)
Вашингтон
Националност Американец
Алма матер Квинс колеџ, Харвард
Познат(а) по Отпуштен во 1957 година од владата на САД поради хомосексуалност
Основач на „Општество Маташин“

Френклин “Френк“ Камени (анг. Franklin E. "Frank" Kameny), (21 мај 1925 - 11 октомври 2011), најпознат и најпочитуван борец за правата на ЛГБТ популацијата во светот.

Камени е роден во Њујорк, 1925 година. Во 1941, на возраст од 16, се запишува на Кралскиот колеџ за физика. Пред да го заврши колеџот, регрутиран е во американската армија. По завршување на војната, цели 20 години служи во резервниот состав на армијата. Во 1949 магистрира а 1956 докторира астрономија на Харвард.

Се вработува на Одделот за астрономија при универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и работи за американската армија. Во 1957 беше отпуштен заради својата сексуална ориентација. Неговата тужба до Врховниот суд, а во врска со отказот, е првата во историјата поврзана со дискриминација врз база на сексуалната ориентација.

Во 1961 година, Камени го основа “Општество Маташин“, организација за заштита на цивилните права на ЛГБТ популацијата. Подоцна, има придонесено за отстранување на хомосексуалноста од листата на психички нарушувања на Американската психијатриска асоцијација.

Добитник е на многу награди и признанија, а во 2009 година администрацијата на Обама јавно му се извини за дискриминацијата вршена врз него за време на претходните американски претседатели.

Почина на 11 октомври 2011 година од срцев удар, на 86 годишна возраст.