Фонд за историски места на Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фонд за историски места
на Нов Зеланд
New Zealand Historic Places Trust

Логотип на Фондот за историски места на Нов Зеланд
Цел Заштита на објекти од културно-историско значење во Нов Зеланд
Седиште Ентримски Дом, Boulcott Street
Место Велингтон, Нов Зеланд
Регион Нов Зеланд
Претседател Џон Акланд
Главно тело Одбор на доверители
Припадност Министер за уметности, култура и културно наследство
Министерство за култура и културно наследство
Служба за заштита на природата
Те Пуни Кокири
Мреж. место http://www.historic.org.nz/

Фондот за историски места на Нов Зеланд (англ. New Zealand Historic Places Trust, маор. Pouhere Taonga) е непрофитен фонд кој се залага за заштита на родовски наледни места и објекти од културно-историско значење во Нов Зеланд. Основан е според Законот за историски места од 1954 г. и има за цел да „...се залага за распознавање, заштита, зачувување и конзервација на историското и културно наследство на Нов Зеланд.“

Со фондацијата управува одбор на доверители, чиј моментален претседател е Џон Акланд, како и Совет за маорско наследство (Māori Heritage Council), чиј моментален претседател е Туму те Хеухеу. Централната управа е сместена во Ентримскиот Дом во Велингтон, со подрачни и месни ограноци во Керикери, Окленд, Тауранга, Велингтон, Крајстчерч и Данидн.

Организацијата го издава тримесечникот New Zealand Heritage.

Меѓу објектите во сопственост на фондот се вбројуваат Мисионерскиот Дом, Камената Продавница и мисиноерскиот дом Те Ваимате.

Регистар[уреди]

Регистарот на историски места е поделен на четири главни делови:

  • Историски места
  • Историски подрачја
  • Свети маорски места
  • Свети маорски подрачја

Историските места се распоредени во две категории:

  • Категорија I - „...места од особено или инзвонредно историско или културно значење или вредност.
  • Категорија II - „...места од историско или културно значење или вредност.

Совет за маорско наследство[уреди]

Советот за маорско наследство работи во рамките на Фондот за историски места на Нов Зеланд и е основан со Законот за историски места од 1993 г. Функциите на советот[1] се следниве:

  • заштита и регистрација на свети места и свети подрачја
  • помагање на Фондот за да оформи и одразува двокултурни погледи при примената на неговите надлежности и функции
  • укажување на помош на маорски семејства, подродови (хапу) и родови во зачувувањето и управувањето со нивните наследни ресурси
  • разгледување на препораки во врска со археолошки локалитети
  • застапување на интересите на Фондот и Советот кои се однесуваат на маорското наследство на било кој јавен и маорски форум.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]