Фелипе Матиони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фелипе Матиони
Лични податоци
Полно име Фелипе Матиони Рохде
Роден во    Ијуи
Положба одбрана / десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Еспањол
Број 2


* Настапи (Голови)

Фелипе Матиони (португалски: Felipe Mattioni Rohde) (роден 15 октомври 1988 во Ижуи, Јужна Рио Гранде) е бразилски фудбалер кој игра на позиција десен бек во екипата на Мајорка. Исто така има и италијанско државјанство.[1]

Кариера[уреди]

Матиони ја започна својата кариера во 2004 како младински играч и стигна до првиот тим во 2007, но не играше во таа сезона. Како и да е, тој направи пробив со неговите перформанци во 2007 во У-20 Бразилска лига. Во сезоната 2008 го направи своето деби во домашната победа против Наутико со 2-0.[2]

На 15 јануари 2009, Милан објави дека го земаа Матиони на позајмица со право да го купат откако ќе заврши позајмицата. Матиони играше во неговото прво неофицијално деби за Милан во пријателскиот натпревар против Ренџерс кој заврши со резултат 2-2.[3]

Првото официјално деби за Милан го направи на 3 мај 2009 во натпреварот против Катанија, кога влезе во 88-та минута како замена за Кака. Милан го доби тој натпревар со 2-0.[4]

После неуспешната сезона помината во Милан, клубот не ја искористи можноста за откупување на играчот со што Матиони се врати во Гремио.

На 26 август 2009 Мајорка потпиша со бразилскиот десен бек договор за позајмица на една година. Мајорка за играчот плати 2 милиони евра.[5].

Наводи[уреди]