Фатка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хеклани фатки
Фатка направена од повеќе ткаенини

Фатка[1][2] — парче текстил (често ватиран) или силикон што се користи за заштита на раката кога се држи топла кујнска опрема за готвење, како тенџериња и тави. Често се изработени од полиестер и/или памук. Фатките може да се направени од памучно предиво како занаетчиски проект/народна уметност.

Фатката нуди едновремена заштита само за една рака. За да се подигне тава со две жешки рачки со двете раце, потребни се две фатки. За држење на жешко парче опрема, фатката се преклопува околу него и се фаќа со рака. Во случај фатката да има една гумена површина, таа е од страната на кујнската опрема, а ткаенината е од страната на раката.

Кога се направени од текстилна ткаенина, фатките обично имаат внатрешен слој од материјал што обезбедува топлинска изолација, сместен меѓу повеќе шарени или украсни надворешни страни. Најчестиот вид достапен во трговијата во денешно време има облик на квадрат, со должина на страните што се движи од 13 см до 25 см и малку заоблени агли и текстилна клучка на еден од аглите за закачување.

Културни употреби[уреди | уреди извор]

Аболиционистичка фатка од средината на 1800-тите, од Музејот на американската историја Смитсонијан

Во текот на историјата на фатките, тие се користеле и како репрезентативен симбол на различни културни движења. За време на Аболиционистичкото движење во Соединетите Држави, на нив се покажувала поддршката за каузата на аболиционистите.[3] Тие им овозможиле на жените некој начин случајно да се идентификуваат како дел од Аболиционистичкото движење без отворено да го изразуваат тоа. Дополнително, понекогаш се користи од културите на Кајун како дел од нивните маски Марди Гра.[4] За време на интернирањето на Јапонските Американци за време на Втората светска војна, интернираните Јапонци изработиле неколку фатки од разни обоени ткаенини со цел да ја одразат сопствената култура.[5] Ова било направено за да се разбие монотонијата, бидејќи шарената природа на занаетите била во целосна спротивност со општата околина на логорите.

Развој на стил[уреди | уреди извор]

Најраните записи за фатки во Соединетите Држави потекнуваат од раните 1800-ти, кога фатките биле направени од чипка, како и хеклани и извезени. Употребата на тантела исчезнала во исто време со популаризацијата на геометриските обрасци на фатките, што траело до крајот на 1970-тите. Во исто време, апликативните методи почнале да бидат популарни околу 1960-тите, и останале најпопуларниот метод, заедно со ватирањето од 1970-тите до денес.[6]

Материјали[уреди | уреди извор]

Текстилната фатка не постоела во уметноста или пишувањето до околу XIX век. Потврдите во уметноста упатуваат на куките кои се користеле за носење саксии со топла рачка во Стара Грција, но дури во антиропските чаршии од средината на XIX век, недвосмислено биле изработени првите домашни фатки. Овие рачни изработки биле илустрирани со различни сликовити додатоци и го рекламираа изразот „Секој сопственик освен робовладетел“ (Any holder but a Slave Holder) Со создавањето на таков политички предмет, кој бил со слична големина и изработка со современите фатки, жените кои можеби никогаш немале можност да се поврзат со аболиционистичкото движење, сега можеле да го сторат тоа.[7] Популарноста на фатките е придружена со порастот на бројот на списанија. Во овие списанија биле дадени обрасци за „држачи за чајници“ кои силно наликуваат на фатки. Раните модедли имале ограничена способноста за изолација. Од нивното настанување како стандардни предмети за домаќинството, фатките во голема мера се поврзуваат со домашна изработка, а хеклањето долго време е водечки метод во овој вид проследено со плетење и крпење.[8] Ракотворбите во 1950-тите често биле непрактични и со претерано многу дупки што би го изгорело корисникот или брзо ќе го истроши држачот. Во 1970-тите, фатките изработени со апликации добиле популарност, која трае до денес.[8]

Безбедност[уреди | уреди извор]

Фатките се облик на лична заштитна опрема или ОЛЗ.[9] Тие се користат во кујнските прибори за заштита на персоналот во кујната од повреди поврзани со топлина. Сепак, еден проблем со фатките во комерцијалните кујни е тоа што тие не се санитарни. Според технологијата за услуги за храна 2.2, истражувањата покажале дека фатките се еден од виновниците за вкрстена контаминација во кујната.[9] Ова се случува кога некој во кујната работи со сирова храна, а потоа користи фатка без соодветна санитација. Кога следниот човек ја користи фатката, тој е подложен на сите бактерии оставени претходно. Друг проблем со фатките е тоа што материјалите од кои се направени често не се водоотпорни, заради што е невозможно да се мијат.[10] Ова претставува проблем бидејќи кујните се полни со случајни излевања, а ако фатката се извалка, нема брзо решение за нејзино чистење. Ако фатката се навлажни на кој било начин, тоа станува ризик од изгореници од пареа. Поради овие ризици, забранета е употребата на фатки во комерцијални кујни во Нов Зеланд, но нема знаци дека тоа наскоро ќе биде следено во Соединетите Држави.[9]

Волна[уреди | уреди извор]

Фатките треба да издржат температури над 400 степени Целзиусови за да ја заштитат кожата од топли јадења и да ја направат потенцијално штетната задача безопасна. Вообичаена ткаенина што се користи за фатки е волната бидејќи може да издржи многу високи температури.[11]

Она што ја прави волната единствен производ е тоа што во суштина е отпорна на пламен. Комбинацијата на сулфур и азот обезбедува мешавина на материјали кои обезбедуваат производ отпорен на пламен.[12] Причината поради која волната се користи за многу видови топлинска заштита е тоа што има висока температура на палење. Ова се определува како температура во која некој предмет ќе произведе пламен. Волната може да се загрее на над 1.000 степени Целзиусови пред да се запали.[13] Дури и кога ткаенината ќе дојде во допир со пламен, таа не го шири пламенот.[14] Ова обезбедува уште поголем заштитен квалитет со ниската температура на палење на волната и неможноста пламенот да се шири низ влакното. Кога волната ќе се загрее до одреден степен, таа почнува да „јагленисува“ однадвор. Ова може да обезбеди заштитен надворешен слој на надворешната ткаенина. Кога јагленот од надворешната страна на ткаенината е во согласност со изворните својства на волната, може да произведе побезбедна верзија на производот.[15] Кога топлината непосредно доаѓа во допир со ткаенината, „јагленот“ образува полутечна состојба која може да се избрише од ткаенината без да има докази за допир со топлина.

Домашно производство[уреди | уреди извор]

Во раните денови на „Направи сам“ и домашните занаетчиски работи, проектите како ватирање, шиење, плетење и хеклање се користеле и за труд и за одмор. Овие начини се најчесто користени методи за изработка фатки. Занаетчиството од ваква природа често се поврзува со жените и децата како традиција што се пренесува од мајка на ќерка уште пред осумнаесеттиот век. До средината на осумнаесеттиот век, се сметало дека е должност на жената да го украсува и пополни својот дом со овие различни видови домашни ракотворби.[16] Како една од овие ракотворби кон крајот на деветнаесеттиот век се појавуваат фатки, кои обично се продаваат за да ги придружуваат котлињата и чајниците.[6]

Моделите за создавање фатки за прв пат биле видени во Соединетите Држави во памфлети и списанија, вклучително и периодични изданија како Workbasket, чија главна целна публика се состоела од средната и работничката класа. Оваа појава на шаблони за везење во списанијата започнала околу 1880 година и продолжила да биде истакната во текот на 1930-тите. За време на Големата депресија, печатот за домаќинствата, како и производителите на предива и конци, ги објавувале дизајните за фатки. Ова временско раздобје е кога фатките процветале во корисен, разновиден облик на уметност која денес се препознава.[6]

Вообичаените видови на правење фатки дома биле ватирање, плетење и хеклање.[17][18][19] Овие техники користат различни медиуми како што се предиво или остатоци од ткаенина со цел да се создадат фатки од сите различни бои и дезени.[17][18] Многу упатства „направи сам“ даваат податоци како да се направи едноставна квадратна фатка, но има и многу што даваат податоци за различни облици, големини и дизајни, вклучувајќи мали куќички или цвеќиња.[19][18] Овие домашни кујнски алатки често се сметаат за добри за домашен декор или за подароци.[18]

Во рекламирањето[уреди | уреди извор]

До почетокот на XX век, фатките биле редовно прикажувани во рекламите на Соединетите Држави. Тие биле прикажани во рекламите на списанијата и весниците за кујнски апарати, обично обезбедувајќи заштита помеѓу рацете на жената и нејзиното тенџере или тава со свежо зготвена храна. Апаратот што се рекламира честопати се прикажува како заднина. Типична реклама би прикажувала млада, насмеана жена како користи фатки за да го извади својот свежо печен леб од рерната.[20] Иако рекламата обично е за рерна или шпорет, фатките се претставени како потпора во кујната на современата млада жена.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „фатка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „фатка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Taylor, Alice (2008). „Selling abolitionism: The commercial, material and social world of the Boston Antislavery Fair, 1834–1858“. ProQuest Dissertations Publishing: 121. ProQuest 868678758.
  4. Ware, Carolyn (1 March 2001). „Anything to Act Crazy: Cajun Women and Mardi Gras Disguise“. Journal of American Folklore. 114 (452): 225–247. doi:10.1353/jaf.2001.0009. ISSN 1535-1882.
  5. Dusselier, Jane (2005). „Artful identifications: Crafting survival in Japanese American concentration camps“. ProQuest Dissertations Publishing: 48–49. ProQuest 304991013.
  6. 6,0 6,1 6,2 Maines, Rachel (June 1985). „Evolution of the Potholder: From Technology to Popular Art“. The Journal of Popular Culture (англиски). 19 (1): 3–34. doi:10.1111/j.0022-3840.1985.00003.x.
  7. Lemire, Beverly (2016-12-05). The Force of Fashion in Politics and Society: Global Perspectives from Early Modern to Contemporary Times (англиски). Routledge. ISBN 9781351889698.
  8. 8,0 8,1 Maines, Rachel Pearl (1 June 1985). „The Evolution of the Potholder from Technology to Popular Art“. The Journal of Popular Culture. 19 (1): 2–33. SSRN 2780107.
  9. 9,0 9,1 9,2 Michaels, Barry; Ayers, Troy; Birbari, Wafa (June 2002). „Hygiene issues associated with food service potholders and oven mitts“. Food Service Technology. 2 (2): 81–86. doi:10.1046/j.1471-5740.2002.00033.x.
  10. Rodgers, Svetlana (June 2005). „Food safety research underpinning food service systems - a review“. Food Service Technology. 5 (2–4): 67–76. doi:10.1111/j.1471-5740.2005.00113.x.
  11. „Wonder of Wool: Ancient Fiber to Modern Marvel | American Textile History Museum“. www.athm.org. Архивирано од изворникот на 2020-02-04. Посетено на 2023-10-23.
  12. Alongi, Jenny; Horrocks, Richard; Carosio, Richard (2013). Update on Flame Retardant Textiles.
  13. Alongi, Jenny; Horrocks, Richard; Carosio, Federico. Update on Flame Retardant Textiles. iSmithers Rapra.
  14. Kilinc, Selcen (2013). Handbook of Fire Resistant Textiles. Elsevier Science.
  15. Alongi, Jenny; Horrocks, Richard; Carosio, Federico (2013). Update on Flame Retardant Textiles.
  16. C, Edwards (2006). „Home is Where the Art is: Women, Handicrafts, and Home Improvements 1750-1900“. Journal of Design History. 19: 11–21. doi:10.1093/jdh/epk002.
  17. 17,0 17,1 Malone, Chris (2016). Pot Holders for All Seasons: 20 Fun & Easy Projects. Berne, IN: Annie's.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 Tiselius, Stina (2015). 25 Potholders to Knit: Classic, Playful, and Festive Patterns. Trafalgar Square.
  19. 19,0 19,1 Weiss, Rita (2015). Crochet Potholders and Dishcloths. Leisure Arts, Inc.
  20. Philgas Stove Dealers. "Cook In Cool Comfort Philgas Service Gas For Homes Beyond Gas Mains." Advertisement. Outdoor Advertising Association of America (OAAA) Archives, 1885-1990s, 1932.