ФК Кидерминстер Хериерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кидерминстер Хериерс
Целосно имеФудбалски Клуб Кидерминстер Хериерс
ДржаваАнглија Англија
ПрекарХериерс, Црвените
Основан1886; пред 138 години (1886)[1]
ЛокацијаКидерминстер, Англија
СтадионАгборо
Капацитет6,444[2]
ПретседателАнглија Ричард Лејн
МенаџерАнглија Расел Пен
ЛигаНационална лига север
2020–21Национална лига север, ?
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Кидерминстер Хеиерс е англиски фудбалски клуб од Кидерминстер, Вустершир. Моментално се натпреварува во Националната лига север, шесттото ниво на англиската лигашка пирамида.

Клубот е основан 1886 година. Меѓу најголемите успеси им е освојувањето на Трофејот на фудбалската лига во 1987 година, а во сезоната 1993-1994 ја освоиле титулата во Конференција лигата, но на клубот тогаш воден од Греам Алнер не му било дозволено да се натпреварува во Фудбалската лига на Англија поради состојбата на нивниот стадион Агборо. Сепак, клубот го поправил стадионот и во сезоната 1999-2000 под водството на Јан Мелби ја освоил титулата во Конференција уште еднаш и изборил промоција во Фудбалската лига, која се смета за професионално фудбалско ниво. Сепак, после пет сезони поминати таму, клубот одново испаднал во аматерските фудбалски лиги на Англија.

Својте домашни натпревари, во текот на целата своја историја Кидерминстер ги игра на стадионот Агборо. Најчесто играат во опрема која се состои од дресови и шорцеви во црвена боја.

Историја[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2021-2022, клубот имал забележителна кампања во ФА Купот. Откако ги исфрлиле клубовите од Националната лига Премиер, Гримсби Таун и Халифакс Таун, во првите две рунди, Кидерминстер направил огромно изненадување во третото коло каде и покрај негативата од 0-1 на полувремето со два гола во вториот дел успеале да го елиминираат членот на Чемпионшип, Рединг, со 2-1 на Агборо.

Така, само вторпат во својата историја Кидерминстер стигнал до четвртото коло на ФА Купот, каде одново бил домаќин, пречекувајќи го премиерлигашот Вест Хем Јунајтед. Хериерс одлично го отвориле натпреварот и повеле со 1-0 уште во првото полувреме со голот на Алекс Пени.[3] Таа предност ја одржувале сè до самиот крај, кога сепак премиерлигашот во судиското продолжение успеал да изедначи и да го однесе натпреварот во продолженија, за во самата завршница на второто продолжение Вест Хем да постигне уште еден гол и да победи со 1-2.[3]

Ривали[уреди | уреди извор]

Навивачите на Хариерс ги сметаат локалните клубови Стурбриџ, Херефорд[4] (продолжува ривалството со сега веќе непостоечкиот Херефорд Јунајтед[5]) Бромсгроув и Ворчестер Сити за главни ривали на клубот. Тие, исто така, делат помалку значајно ривалство со блиските соседи Телфорд Јунајтед. Исто така, имале ривалство и со повеќе непостоечкиот Рашден енд Дајмондс кое произлегло од кампањата во која Кидерминстер ја освоиле титулата во Конференција во сезоната 1999-2000. За време на престојот на клубот во фудбалската лига, тие развиле ривалство со Челтенам Таун.

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Англија ГМ Лук Симпсон
2 Велс ОД Алекс Пени
3 Англија ОД Кејлеб Ричардс
4 Англија ОД Нејтн Камерон
5 Англија ОД Кит Лоу
6 Англија СР Луис Монтрос
7 Англија СР Сам Остин
8 Англија СР Марк Карингтон
9 Англија НП Амари Морган-Смит
10 Англија СР Ешли Хемингс
11 Свети Китс и Невис СР Омари Стерлинг-Џејмс
12 Англија ОД Џо Фолкс
Бр. Позиција Играч
15 Бермуда СР Кезија Мартин
16 Албанија ОД Гералдо Бајрами
17 Англија НП Итан Фримантл
18 Англија СР Каи Лисимор
19 Англија НП Џејден Вајт
20 Зимбабве ОД Клиф Моџо
21 Англија ГМ Џејми Емери
22 Англија СР Џек Толи
25 Англија ОД Лук Бестабл
26 Англија СР Девонте Редмонд
28 Англија ОД Мат Престон

Тренери[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

1993-1994, 1999-2000
1986-1987
  • Лига куп Конференција: 1
1996-1997
  • Лига куп на Јужната лига: 1
1979-1980

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kidderminster Harriers FC History“. Harriers.co.uk. 2015-07-27. Архивирано од изворникот на 2016-07-12. Посетено на 2016-07-30.
  2. „Visiting Aggborough“. Kidderminster Harriers Football Club. Архивирано од изворникот на 26 May 2017. Посетено на 8 May 2017.
  3. 3,0 3,1 „Аспиликуета и Маркос Алонсо го спасија Челси против Плимут, Вест Хем се извлече со Кидерминстер (ВИДЕО)“. ekipa.mk. 5 февруари 2022. Посетено на 27 февруари 2022.
  4. „Hereford 2 Kidderminster Harriers 1 - Report“. www.expressandstar.com.
  5. „BBC - Hereford and Worcester - Sport - Kidderminster v Hereford“. www.bbc.co.uk.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]