ФК Зудтирол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зудтирол
Целосно имеФудбал клуб Зудтирол
ПрекарБјанкороси (бело-црвени)
Тиролези (Тиролци)
Основан1974
СтадионСтадион Друзо
Болцано, Италија
Капацитет5,500
ПретседателИталија Герхард Компер
ТренерИталија Федерико Валенте
ЛигаСерија Б Серија Б
2022-2023Серија Б, 6-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Фудбал Клуб Зудтирол, познат уште како Зудтирол-Алто Адиџе, Зудтирол Болцано-Бозен или само Зудтиролиталијански фудбалски клуб од Болцано, регионот Трентино-Јужен Тирол. Моментално се натпреварува во Серија Б, второто ниво на италијанскиот фудбалски систем, откако во сезоната 2021-2022 за првпат во својата историја клубот изборил промоција во оваа дивизија.

Зудтирол бил основан во Бресаноне во 1974 година како дел од спортскиот клуб Шпорт Ферајн Миланд, но во 1995 година се одвоил од „матичната компанија“, кога бил и преименуван во ФК Зудтирол-Алто Адиџе и ги прифатил белата и црвената боја како свои клупски бои; потоа името било скратено во ФК Зудтирол во 2000 година, годината на професионално деби на клубот и неговата преселба во Болцано. Новото име ја симболизира намерата на клубот да го претставува не само главниот град, туку и целата територија во соодветната провинција.

Зудтирол е еден од најуспешните клубови во италијанскиот регион Трентино-Јужен Тирол и има најмногу сезони поминати во професионалните лиги во Италија. Со освојувањето на групата А во Серија Ц 2021-2022, клубот ја добил својата прва историска промоција во Серија Б, станувајќи единствениот клуб од Трентино-Јужен Тирол што постигнал слична цел откако првенството се игра во една група (претходно само Болцано одиграл една година во Серија Б, во сезоната 1947-1948). Во сезоната 2022-2023, откако многу пред крајот на првенството го обезбедил опстанокот (играјќи дури во плејофот за промоција во Серија А), Зудтирол поставил апсолутен и невиден рекорд за регионалниот фудбал, потврдувајќи го своето учество во второто ниво на италијанскиот фудбал за втора година по ред.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Друзо, кој има капацитет од 5,500 седечки места.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Џакомо Полуци
2 Италија ОД Филипо Скаља
3 Италија ОД Андреа Кањано
4 Италија СР Томазо Аригони
5 Франција ОД Кевин Винето
8 Италија СР Алесандро Маламо
9 Италија НП Емануеле Пекорино
11 Италија СР Рикардо Черво
12 Италија ГМ Џакомо Драго
15 Италија СР Џереми Бро
17 Италија СР Даниеле Казираги
18 Италија НП Матео Ровер
21 Италија СР Фабијан Таит
22 Италија ГМ Стефан Алекс Дреган
Бр. Позиција Играч
23 Италија НП Никола Раути
24 Италија ОД Симоне Дави
26 Италија НП Андреа Чиско
27 Словенија СР Јасмин Куртиќ
28 Италија ОД Рафаел Кофлер
30 Италија ОД Андреа Џорџини
33 Албанија НП Силвио Меркај
42 Белгија СР Дауда Питерс
55 Италија ОД Андреа Масиело
77 Италија СР Лоренцо Лонарди
79 Италија СР Салваторе Молина
90 Италија НП Рафаел Одогву
94 Мароко ОД Хамза Ел Каукиби

Титули[уреди | уреди извор]

Интеррегионални натпреварувања[уреди | уреди извор]

2021-2022 (група А)
2009-2010 (група А)
1999-2000 (група Ц)

Регионални натпреварувања[уреди | уреди извор]

1996-1997

Статистика[уреди | уреди извор]

Учество во првенства[уреди | уреди извор]

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Серија Б 2 2022-2023 2023-2024 2
Лега Про Прима Дивизионе 4 2010-2011 2013-2014 12
Лега Про 3 2014-2015 2016-2017
Серија Ц 5 2017-2018 2021-2022
Серија Ц2 8 2000-2001 2007-2008 10
Лега Про Секонда Дивизионе 2 2008-2009 2009-2010
Кампионато Национале Дилетанти 2 1997-1998 1998-1999 3
Серија Д 1 1999-2000

Надворешни врски[уреди | уреди извор]