Т-лимфоцит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај



Т-лимфоцитите (или т-клетки) припаѓаат на групата на бели крвни клетки познати како лимфоцити и имааат важна улога во имунолошкиот систем. Одговорни се за клеточниот имунититет: преку комплексен механизам ги отстрануваат туѓите клетки, како, на пример, бактериите.

Од останатите типови на лимфоцити како што се Б-лимфоцитите и клетките убијци, се разликуваат по специјалниот рецептор на нивната клеточна површина. Буквата Т, во Т-лимфоцит, се однесува на тимусот, кој е основен орган одговорен за созревањето на Т-лимфоцитите. Откриени се повеќе подвидови на Т-лимфоцити, секој со посебна функција.