Туми

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Церемонијален нож туми.

Туми е церемонијален нож за жртвување кој го користеле Инките и некои останати пред-колумбиски цивилизации. Ножот се состои од полукружно сечило изработен од злато, дрво или сребро.

Според Андската митологија, Моче, Чиму и Инките се директни наследници на Сонцето, и како резултат на тоа Сонцето требало да се слави барем еднаш годишно со голема церемонија. Церемонијата се одржувала на крајот на бербата на компир и пченка во знак на благодарност на Сонцето за бербата и да се побара поголема и побогата берба во текот на наредната сејачка сезона. За време на оваа религиозна церемонија, свештениците жртвувале црна или бела лама. Со помош на ножот, свештеникот ги отворал градите на животното и ќе ги извадел поглавните органи и набљудувајќи ги истите бил во можност да ја предвиди иднината.

Останати андски цивилизации го користеле ножот за познатите операции на череп на човек при некои болести. На 21 ноември 2006 година, за време на археолошко истражување во Перу биле откриени 22 гроба меѓу кои биле пронајдено ножеви туми.[1]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Peruvian archaeologists excavate first 'tumi' knives from pre-Inca tombs“, Associated Press, 21 ноември 2006 (конс. 24 ноември 2008).

Надворешни врски[уреди]