Трихинелоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трихинелоза
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Nematoda
Класа: Adenophorea
Ред: Trichocephalida
Натфамилија: Trichinelloidea
Род: Trichinella
Вид: T. spiralis
Биномен назив
Trichinella spiralis
(Owen, 1835)

Трихинелозата претставува сериозно паразитарно заболување, предизвикувач е Trichinella spiralis од групата нематоди. Паразитира во човекот и во многу домашни и диви животни.

Манифестација[уреди]

Клинички се манифестира со:

Настанување[уреди]

Трахинелоза настанува со конзумирање на сирово или недоволно термички обработено месо од животни (посебно свинско и преработки од свинска маст) во кои спаѓаат инкапсулирани ларви. По конзумирање на контаминирано месо, во тенкото црево ларвите се ослободуваат од капсулата и за кратко време стануваат полово зрели. Следува размножување и раѓање на живи ларви кои преку лимфните садови навлегуваат во крвта правејќи паразитемија и се разнесуваат низ организмот. Најчесто се локализирани во мускулатурата на домаќинот (скелетните мускули) каде повторно инкапсулираат. Подоцна инкапсулираните ларви угинуваат и калцифицираат. Периодот на инкубација на трихинелозата изнесува 5 до 45 дена. Сериозноста на болеста зависи од количината на конзумираното месо и од концентрацијата на паразитите во истото. Болеста започнува со:

Ларви во рамките на дијафрагмата на свиња
  • гадење;
  • повраќање;
  • дијареа;
  • едем на лицето и очните капаци;
  • можна е појава на срцеви и невролошки компликации, а кај најтешките облици доаѓа и до афекција на срцевиот мускул.

Дијагноза[уреди]

Животен циклус на Trichinella spiralis

За поставување на дијагноза особено важни се податоците на недоволно термички обработено месо од животно, дополнети со лабараториски испитувања. Во крвната слика доминира леукоцитоза со еозинофилија (може да достигне до 80%)како и зголемени вредности на креатин, на трансаминазите. Фекален промерок има смисла да се истражува само во првите 48 часа по конзумирањето на сомнителната храна. Висока дијагностичка вредност има биопсија на мускулното ткиво.

Терапија[уреди]

Во терапијата на заболувањето најчесто се користи мебендазол. Други медикаменти кои се препорачуваат се албендазол, тибендазол, нотезин и комбантрин. За превентивни цели неопхподен е засилен ветеринарен надзор за присуство на трихинели во месото и сувомеснатите производи како и избегнување на користење недоволно термички обработено месо од животни.

Надворешни врски[уреди]

Портал од областа на медицината