Тот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тот (егип. „џехут“, ḏḥwty) бил сметан како едно од најважните божества на Египетскиот пантеон и често пати бил прикажуван со глава од Ибис. Неговиот женски пандан била божицата Маат.

Главното светилиште на Тот било во Кемену (подоцна преименуван од грците во Хермополис), каде претседавал над дружината од локални богови. Кај грците бил познат како Хермес или Ешмунен кај Арапите. Исто така, имал светилишта во Абидос, Хесерт, Урит, Пер-Аб, Рекуи, Та-ур, Сеп, Хат, Пселкет, Талмсис, Анча-Мутет, Амен-хери-аб и Та-кенс.

За него се говорело дека го претставува срцето и јазикот на Ра и дека е посредник преку кој се пренесувала волјата на Ра во говор. На овој начин тој бил поистоветуван со Логосот на Платон (Словото на Јован) и умот на Господ. Во египетската митологија тој играл многу витални и значајни улоги; бил еден од двајцата богови кои стоеле на секоја страна од лаѓата на Ра (другото божество била Маат). Познат е како бог на магијата, писменоста, науката и судењето на мртвите.


Богот Тот, бог од античката египетска религија, бил претставен како човек со глава на птицата ибис, а понекогаш и со глава на бабун, а и на Месечината. Според некои легенди тој бил син на Ра и негов гласник, а според други тој се создал самиот себе преку моќта на јазикот. Тој бил писарот меѓу боговите, го открил пишувањето и бил големиот бог на знаењето, мудроста, пишувањето, писмото и тајните. Тој бил исто така и бог на Месечината и бог на магијата. Во судот на мртвите тој бил писарот кој ги запишувал исповедите на мртвите на неговите сведоци, а исто така правел запис на тоа кој ќе оди во рајот на блажените, а кој ќе биде изеден од кучињата на судот.

Наводи[уреди]

  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ