Ткивни животни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ткивните животни, односно еуметазоите (Eumetazoa) или вистинските метазои се животни кај кои е карактеристично постоењето на ткива, органи и органски системи, било тоа да е дури и во наједноставна форма. Главниот развоен правец на животните се одвивал надвор од сунѓерите, кои во филогенетски поглед претставуаат слеп огранок. Телото на еуметазоите покажува или едноставна градба, односно несегментираност (како сплесканите црви), или телото е сегментирано на одреден број на делови, при што бројот на сегментите е голем (како кај прстенестите црви и членконогите) или мал (како кај олигомерните животни). За разлика од слабо подвижните паразои (сунѓери и слично), еуметазоите се подвижни животни, што е резултат на ефикасната мускулатура и билатералната симетрија на телото.