Тихомир Шаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тихомир Шаревски
15 април 1921 - 2 февруари 2004(2004-02-02) (возр. 82)
Роден во:Леуново, Кралство Југославија
Починал во:Скопје, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија и СФРЈ СФР Југославија
Род:(гранка од армијата)
Период на служба:1941-1981
Чин:генерал-полковник
Единици:(единици во коишто служел)
Командува/л со:Прва македонска ударна бригада
Други занимања:(други занимања, покрај воената кариера)


Тихомир Шаревски (14 април 1921 во Леуново2 февруари 2004 во Скопје) — македонски учесник во НОБ и генерал-полковник на Југословенската народна армија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тихомир Шаревски е роден на 15 април 1921 година во село Леуново, Мавровско. Основно училиште завршил во родното село и во Гостивар, а со средно образование се здобил во Тетово и во Охрид. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење.

Својот активизам и дело го започнува во 1941 година кога се приклучува на месен комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. По одреден период се истакнува и станува заменик-командир, потоа и командир на чета. Во 1944 година со формирањето на Прва македонска ударна бригада станува нејзин командант.

По Втората светска војна достига чин генерал-полковник во СКЈ. Своето пензионирање го дочекува во 1981 година.

Умира на 2 февруари 2004 година во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шатев“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1647. Text "series " ignored (help)