Тимфаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Античка Македонија и Халкидики.

Тимфаја (Tymphaia) — древна област населена со племето Тимфаи.[1] Се наоѓала спроти северозападната граница на Епир, по десниот среден тек на реката Бистрица.[2] Областа била припоена кон Кралството Македонија во 350 г. п.н.е. како дел од Горна Македонија. Според Страбон, Тимфаите живееле околу изворите на Пенеј, а нивен главен град бил Ајгиниј, кој се наоѓал недалеку од тесалискиот град Трика.[3]

Тимфаја влегла во рамките на Четвртата македонска мерида во 167 година п.н.е..[4]

Најпознат припадник на племето Тимфаи бил Полиперхон — регент на Македонската империја, после смртта на Антипатар.[5][6]

Литература[уреди]

  • Fritz Geyer: Makedonien bis zur Thronbesteigung Philipps II., In: Historische Zeitschrift, Bd. 30 (1930), S. 1–148. (германски)
  • John Van Antwerp Fine: The Problem of Macedonian Holdings in Epirus and Thessaly in 221 B.C., In: Transactions and Proceedings oft he American Philological Association, Vol. 63 (1932), S. 126–155. (англиски)
  • Hammond N., Filip Macedoński, przeł. J. Lang, Wydawnictwo Axis, Poznań 2002, s. 80, 161 i 199, ISBN 83-912572-5-8. (полски)
  • Hammond N.G.L., Starożytna Macedonia. Początki, instytucje, dzieje, przeł. A. S. Chankowski, PIW, Warszawa 1999, s. 52 i nast., ISBN 83-06-02691-8. (полски)

Наводи[уреди]

  1. John Boardman and Nicholas Geoffrey, Lemprière Hammond. The Cambridge Ancient History Volume 3, Part 3: The Expansion of the Greek World, Eighth to Sixth Centuries B.C. Cambridge University Press, 1992, p. 284. (англиски)
  2. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
  3. Strabonis, Geographica, I-III, Lipsiae 1895-1913
  4. Titi Livi, Ab urbe condita libri, Lipsiae, 1906
  5. Hatzopoulos, Miltiades V. Macedonian Institutions Under the Kings. Athens: Kentron Hellēnikēs kai Rōmaïkēs Archaiotētos, 1996.
  6. Hazlitt, William. The Classical Gazetter, 1851, p. 360 (Tymphaea).