Телекинеза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Терминот психокинеза или телекинеза (од грчки ψυχή + κίνησις, буквално значење „движење со помош на умот“),[1][2] е поим кој го смислил Хенри Холт[3] за да го означи директното влијание на умот во физичкиот свет, кое не се случува со помош на никаква позната физичка енергија од страна.[4] Примери на психокинеза се искривување и движење на предмети.[5][6]

Науката и телекинезата[уреди]

Проучувањето на феноменот на психокинезата спаѓа во областа на парапсихологијата. Како и да е, досега не се успеало со помош на научната методологија да се докаже постоењето на ваквата способност, а анализата на 380 студии на вакви случаи во 2006 година донесе само мал ефект.[7] Најголемата забелешка од страна на науката е неповторливоста на ефектите во секој повторен експеримент.[8][9]

Физичарот од Универзитетот во Лондон, Дејвид Бом, штитеник на Ајнштајн и еден од најпочитуваните светски квантни физичари телекинезата ја ојаснува на следниов начин:

„До телекинеза може да дојде кога менталните процеси на еден или повеќемина луѓе ќе се насочат на значењата кои се во склад со оние што управуваат со темелните процеси на материјалниот систем што е предмет на телекинезата.”[10]

Важно е да се напомене дека тој вид на телекинеза не се создава според каузалниот процес, то ест причинско последичниот однос кој вклучува некоја од познатите сили на физиката, туку таа е резултат на некој вид нелокална “резонанција на значења”, односно некој вид нелокална интеракција.

Уште еден научник чии идеи за телекинезата се слични како оние на Бом, но кој отиде чекор понатаму, е Роберт Џан, професор по аеронаутички науки и декан во пензија на Факултетот за техника и применета наука при Универзитетот Принстон. Ангажирањето на Џан во истражувањата на телекинезата дошло сосема случајно. Како поранешен советник на НАСА, неговото примарно подрачје на интерес биле вселенските погони. [11] Во една редица експерименти, Џан и неговата соработничка, клинички психолог Бренда Дјун, го употребиле апаратот наречен генератор на случајни настани или РЕГ (random event generator). Работејќи врз основа на непредвидливи природни процеси како што е радиоактивното распаѓање, РЕГ може да произведе редица случајни бинарни броеви. Таква редица може да изгледа како оваа: 1, 2, 1, 2, 2, 1, 1, 2, 1, 1, 1, 2, 1. Со други зборови, РЕГ е еден вид автоматски фрлач на паричка, способен за многу кратко време да произведе огромен број на фрлања. Како што е познато, доколку совршено избалансирана паричка фрлите илјадапати, веројатно е дека поделбата на глава и писмо ќе биде педесет педесет. Во пракса, на секои илјада фрлања, поделбата може до некаде да варира на една или на друга страна, но колку е поголем бројот на фрлања, поделбата ќе се приближи на процентот 50:50.

Џан и Дјун замолиле доброволци да седнат пред РЕГ и да се концентрираат на тоа да произведат невообичаено голем број на глава или писмо. Во текот на буквално стотици илјади обиди, откриле дека доброволците, исклучиво со помош на концентрација, навистина имале мал, но статистички значаен ефект врз резултатите на РЕГ. Откриле уште две нешта. Способноста на создавање на телекинетички ефекти не била ограничена на неколкумина талентирани поединци, туку била присутна кај повеќето испитаници што се тестирани. Тоа дава да се помисли дека повеќето од нас до некоја мерка се способни за телекинеза. [12]

Џан и Дјун сметаат дека нивните откритија можат да ја објаснат склоноста која се чини дека ја имаат некои поединци кон ‘урочување’ на машините и предизвикување да не работат како што треба. На таквите луѓе им припаѓал и физичарот Волфганг Паули. Неговиот талент на тоа подрачје бил толку легендарен што физичарите во шега на таа појава ѝ дале прекар “Паулиев ефект”. Се зборувало дека самото присуство на Паули во лабораторија можело да предизвика да експлодира стаклената апаратура, или чувствителните мерни апарати да пукнат на половина.

Се смета дека и познатиот “гремлински ефект” - склоноста на добро прегледаните апарати да доживеат необјасниви дефекти во најапсурдни, непријатни моменти, а за кои често известуваат пилотите како и воздухопловните и воените техничари - можеби е пример на несвесна телекинетичка активност.

Поврзано[уреди]

Дел од серијата
 
Теми
Паранормално
Духови · Спиритизам
Далечинско гледање
Вонсетилно восприемање
Прекогниција · Јасновидост
Психометрија · Психокинеза
Парапсихологија · Реинкарнација
Проколнати места
НЛО · Телепатија
Истерувачи на духови

Наводи[уреди]

  1. „Random House Webster's Unabridged Dictionary“. Boston, Massachusetts USA: Random House Reference. 2001. стр. p. 1560. ISBN 0-375-42599-3. OCLC 48010385. „psycho-, a combining form representing psyche in compound words. ... (Gk, comb. form of psyche breath, spirit, soul, mind; akin to psycheim to blow).“ 
  2. Erin McKean, [principal editor]. (1994). „The New Oxford American Dictionary“. New York City: Oxford University Press. стр. p. 1367. ISBN 0-19-517077-6. OCLC 123434455. „psycho. comb. form relating to the mind or psychology: ...from Greek psukhe breath, soul, mind.“ 
  3. Holt, Henry, On the Cosmic Relation - Book II- Part III, Psychokinesis, pp.216-217
  4. „Parapsychological Association, glossary of key words frequently used in parapsychology“. http://parapsych.org/glossary_l_r.html#p. конс. 2006. 
  5. Search+OMD „On-Line Medical Dictionary: psychokinesis“. http://cancerweb.ncl.ac.uk/cgi-bin/omd?query=psychokinesis&action= Search+OMD. конс. 2006. 
  6. „Parapsychological Association FAQ“. Parapsychological Association. 1995. http://www.parapsych.org/faq_file1.html. конс. 2 јули 2007. 
  7. Bösch, Holger; Fiona Steinkamp, Emil Boller (20 јули,06). „Examining psychokinesis: The interaction of human intention with random number generators--A meta-analysis“. „Psychological Bulletin“ 132 (4): 497-523. doi:10.1037/0033-2909.132.4.497. 
  8. Girden, Edward (September 1962). „A review of psychokinesis (PK)“. „Psychological Bulletin“ 59 (5): 353-388. doi:10.1037/h0048209. 
  9. Carroll, Robert Todd (2005). „psychokinesis (PK)“. „Skepdic.com“. The Skeptics Dictionary. http://skepdic.com/kinesis.html. конс. 5 октомври 2007. 
  10. Мајкл Талбот, „Холографски универзум“, Аквариус пет, Скопје, 2009, стр. 155. ISBN 978-608-4502-18-0
  11. Tој е автор на книгата “Физика на електричниот погон”, главен учебник од таа област.
  12. Мајкл Талбот, „Холографски универзум“, Аквариус пет, Скопје, 2009, стр. 1156-157. ISBN 978-608-4502-18-0


Надворешни врски[уреди]