Далечинско гледање

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијата
 
Теми
Паранормално
Духови · Спиритизам
Далечинско гледање
Вонсетилно восприемање
Прекогниција · Јасновидост
Психометрија · Психокинеза
Парапсихологија · Реинкарнација
Проколнати места
НЛО · Телепатија
Истерувачи на духови

Далечинско гледање (Remote Viewing - RV) се однесува на обидот да се дојде до информации од далеку или за нешто што не се гледа во моментот, со употреба на паранормална или вонсетилно восприемање. Од „гледачот на далечина“ се очекува да даде информација за предмет кој е скриен од неговото видно поле или е на некоја голема далечина.[1][2][3] Овој термин е првпат употребен од парапсихолозите Расел Тарг и Харолд Путхоф во 1974 година.[4]

Далечинското гледање станува популарно во 1990-тите години, откако се прикажани пред јавноста документите поврзани со Старгејт проектот, програма за истражување вредна 20 милиони долари спонзорирана од владата на САД за пронаоѓање на било каква потенцијална употреба на паранормалните појави за потребите на војската. Оваа програма е укината во 1995 година, како невредна за разузнавачката служба.

Експерименти[уреди]

Путхоф и Тарг во своите екперименти со далечинско гледање во Станфордскиот истражувачки институт, откриле дека испитаниците освен што биле во состојба вонсетилно да опишат далечни места кои експериментаторите ги посетувале во сегашноста, можеле да опишат и места кои експериментаторите ќе ги посетат во иднина, пред воопшто да е решено кое место да биде посетено.[5]

Откритијата на Путхоф и Тарг со прекогнитивното гледање на далечина ги повториле бројни лаборатории ширум светот, вклучувајќи ја и истражувачката установа на Роберт Џан и неговата асистентка Дјун на Принстон. Џан и Дјун во триста триесет и четири официјални обиди откриле дека доброволците во шеесет и два отсто случаи изнесле точни прекогнитивни податоци.[6]


Фусноти[уреди]

  1. Anomalistic psychology: a study of magical thinking, Leonard Zusne, Warren H. Jones, 1989. Publisher: Lawrence Erlbaum Associates, p. 167
  2. Search for the Soul by Milbourne Christopher, Thomas Y. Crowell, 1979
  3. Kiss the Earth Good-bye: Adventures and Discoveries in the Nonmaterial, Recounted by the Man who has Astounded Physicists and Parapsychologists Throughout the World by Ingo Swann, Hawthorne Books, 1975
  4. http://parapsych.org/glossary_l_r.html#r Parapsychological Association website, Glossary of Key Words Frequently Used in Parapsychology, Retrieved January 8 2006
  5. Russell Targ and Harold Puthoff, Mind-Reach (New York: Delacorte Press, 1977), p. 116.
  6. Robert G. Jahn and Brenda J. Dunne, Margins of Reality (New York: Harcourt Brace Jovanovich, 1987), p. 160, 185.