Телепатија
Телепатија (грчки τηλε, теле значи „далечина“, а патија значи „да влијаеш врз“) се однесува на пренос на инфомрации преку мисли или чувства меѓу индивидуалци, на поинаков начин, а не со користењето на петте класични сетила.[1] За човекот кој е способен да користи телепатија се вели дека е способен да ги чита мислите на другите луѓе. Телепатијата заедно со психокинезата спаѓа во главната гранка на истражувања на парапсихологијата. Напишани се бројни студии во обид да се истражи и да се разбере телепатијата.
Телепатијата е честа тема во научната фантастика, каде суперхероите ја имаат оваа способност.
Содржина |
[уреди] Телепатијата во парапсихологијата
Во рамките на парапсихологијата, телепатијата се смета за форма на екстра-сензорна перцепција (ЕСП). Често се става во категорија со прекогницијата и јасновидост.[2] Користени се различни експерименти за да се тестираат телепатските способности. Меѓу најпознатите е употребата на Зенер картите и Ганзфелд експериментот.
Зенер картите се карти обележани со пет различни симболи. Се користат во пар, каде едниот учесник е „испраќач“ на информацијата, а другиот „примач“. Испраќачот по случаен избор зема една карта и го визуелизира симболот на неа, а примачот треба да ја погоди картата. Статистички, 20% од шпилот карти можат да се погодат сосема случајно, па според тоа за да се сфати како способност за телепатија треба да бидат погодени повеќе од 20% од картите.[3]
[уреди] Видови на телепатија
Парапсихологијата опишува неколку различни форми на телепатија, меѓу кои спаѓаат латентната, скриена телепатија и прекогнитивната телепатија.[1]
Латентната телепатија, е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за време на трансмисијата.[4]
Прекогнитивната телепатија е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за идната состојба на умот на поединецот.[1]
[уреди] Скептицизам и контроверзност
Полето кое ги проучува паранормалните феномени како што е телепатијата се нарекува парапсихологија. Постои општа согласност меѓу парапсихолозите дека некои случаи на телепатија се реални.[5][6] Скептиците, пак, велат дека случаите на очигледна телепатија се резултат на измама или лажење на себеси, и дека телепатијата не постои како паранормална способност.[7]
|
Дел од
статиите од категоријата |
|---|
| Теми |
| Паранормално Духови · Спиритизам Далечинско гледање Екстра-сензорна перцепција Прекогниција · Јасновидост Психометрија · Психокинеза Парапсихологија · Реинкарнација Проколнати места НЛО · Телепатија Истерувачи на духови |
|
|
[уреди] Види исто така
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Парапсихолошки термини - Телепатија — Parapsychological Association, Retrieved 19 декември, 2006
- ↑ Glossary of Parapsychological terms - ESP, Parapsychological Association, Retrieved 19 декември, 2006
- ↑ Carroll, Robert (2006-02-17). „Zener ESP Cards“. The Skeptic's Dictionary. http://www.skepdic.com/zener.html. проверено на 2006-07-18.
- ↑ Rennie, John (1845), "Test for Telepathy", Scientific American,V3#1 (1847-09-25)
- ↑ „Што е парапсихологија?“ From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари, 2007
- ↑ "What is the state-of-the-evidence for psi?" From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари, 2007
- ↑ Skepdic.com on ESP, Retrieved 22 февруари, 2007
[уреди] Надворешни врски
- Развивање на телепатијата (англиски)
- Калифорниски институт за технологија статија за употреба на имплантирани електроди
- Статија за природата на Невронауката
- Физичарот Ник Херберт размислува за моментална комуникација (англиски)
- Примарниот квантен модел за телепатија (PDF - формат)
- Експериментот на Соул-Голдни - критика на експериментот
- Сонот и телепатијата (англиски)
