Судска палата (Брисел)
| Бриселска судска палата | |
| Palais de justice de Bruxelles (француски) Justitiepaleis van Brussel (холандски) |
|
Главната фасада во фаза на реновирање |
|
|
|
|
| Општи информации | |
|---|---|
| Архитектонски стил | еклектика, неокласика |
| Место | Брисел, Белгија |
| Координати | 50°50′12″N 4°21′06″E / 50.83667°N 4.35167°E |
| Мом. станари | Суд на Белгија |
| Изградбата започнала | 31 октомври, 1866 |
| Отворена | 15 октомври, 1883 |
| Трошок | 45 милиони белгиски франци |
| Висина | 104 метри |
| Технички податоци | |
| Пречник | 160 м x 150 м |
| Квадратура | 260.000 м² |
| Проектирање и изградба | |
| Клиент | Влада на Белгија |
| Сопственик | Влада на Белгија |
| Архитект | Жозеф Пуларт |
Судската палата во Брисел (хол. Justitiepaleis van Brussel, фр. Palais de justice de Bruxelles) е најважното судско здание во Белгија како и значајна знаменитост на градот Брисел. Изградена е во периодот помеѓу 1866 и 1883 г. во еклектичен стил, дело на архитектот Жозеф Пуларт. Вкупиот трошок за нејзината изградба, земја и опремување изнесувал околу 45 милиони белгиски франци. Се смета за најголемото нецрковно здание подигнато во XIX век.
Содржина |
[уреди] Историја
[уреди] Почетоци
Во 1860 г., бил организиран меѓународен архитектонски конкурс за нацрт на судска палата. Било решено дека поднесените нацрти се неприфатливи и сите учесници биле одбиени. Во 1861 г., тогашниот министер за правда, Тес, го назначил Жозеф Пуларт за одговорен архитект за зградата. Првиот камен-темелник е удрен на 31 октомври, 1866, а било отворено по смртта на неговиот архитект, на 15 октомври, 1883 г. Со цел да се обезбеди место за зградата, бил срушен голем дел од градското соседство Маролен. На нивно големо негодување, Пуларт во соработка со полицијата ги приморувал локалните жители да се отселат, по што зборот „архитект“ одтогаш добил погрдно и навредливо значење. Палатата е сместена на ридот Галгенберг, каде во Средниот век се беселе осудениците.
[уреди] Реновирање
Кон крајот на Втората Светска војна, вечерта пред денот на ослободувањето на Брисел, Германците во повлекување започнале да пукаат по судската палата со намера да ја уништат. Како резултат на ова куполата се срушила, а еден дел од зградата бил тешко оштетен. До 1947 г. најголемиот дел од зградата бил поправен, а куполата била одново изградена, но овој пат 2,5 м повисока од претходно.
Од 2003 г. е започнато реновирање на зданието. Овој проект има за цел да ја зајакне покривната конструкција и ѕидовите, како и поставување на нов слој позлата врз куполата.
[уреди] Димензии
Судската палата во Брисел е поголема од базиликата Свети Петар во Рим. Зградата е со димензии 160 на 150 метри[1], а изградената површината на градбата изнесува 260.000 м². Куполата е висока 104 метри[2] и тежи 24.000 тони. Палатата има 8 внатрешни дворишта со површина од 6000 м², 27 големи судници и 245 помали, покрај разните други простории. Сместена е на рид, изградена на различни нивоа на теренот, така што разликата помеѓу предниот и задниот дел на зградата изнесува 20 м. Заради оваа разлика палатата има повеќе влезови на различни катови.
[уреди] Влијание
Адолф Хитлер бил страстен обожавател на оваа зграда, и затоа во соработка со Алберт Шпер подигнал неколку монументални зданија по урнек на планот на оваа зграда. Повеќе на: Нацистичка архитектура.
Иако без купола, и многу помала по димензии, палатата на Врховниот суд на Перу во Лима, Перу е заснована на бриселската судска палата.
[уреди] Галерија
[уреди] Наводи
- ↑ УНЕСКОво светско наследство: Бриселската судска палата (француски)
- ↑ Градби: Бриселската судска палата (англиски)
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Судска палата (Брисел)“ |
- Судска палата — Брисел (холандски)