Стефан Георгиев Нанов (родум од Маловиште, Битолско) бил емигрантски деец и активист на ВМРО (Обединета), Македонец по националност.[1] Својата национална дејност ја започнува во 1928 година кога го заменува Евтим Спространов како член на Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации.[2] Преку извори во сојузот дознава за организацијата и се приклучува на ВМРО (Обединета). Таму застанува на функцијата Секретар на 1-ви реон во Софија, а потоа со самото основање и главен уредник на весникот Обединист. Како член на организацијата, во 1936 година во Судскиот процес против ВМРО (Обединета) е осуден на казна затвор од 5 години и глоба од 50.000 лева. Во периодот од 1945 до 1947 година е член на Македонскиот научен институт.[3]