Спасувајќи го војникот Рајан (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Спасувајќи го војникот Рајан
(Saving Private Ryan)“
Saving Private Ryan poster.jpg
Режирано од Стивен Спилберг
Продуцент Стивен Спилберг
Иан Брус
Марк Гордон
Гери Левинсон
Сценарист Роберт Родат
Настапуваат Том Хенкс
Том Сиземор
Едвард Бурнс
Џереми Дејвис
Бери Пипер
Дистрибутер DreamWorks (САД и Канада)
Paramount Pictures(насекаде)
Премиера 12 јуни 1998
Времетраење 170 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $65,000,000

Спасувајќи го војникот Рајан (англиски: Saving Private Ryan) е американски филм од 1998 година, во режија на Стивен Спилберг, а по сценариото на Роберт Родат. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Том Хенкс, Мет Дејмон и Том Сајзмор. Филмот е делумно заснован врз вистинската приказна за браќата Ниланд. Филмот бил добро прифатен од публиката и критиката, добивајќи неколку награди, меѓу кои и наградата „Оскар“, а остварил и добра заработка во кино-салите.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот зборува за еден настан од Втората светска војна, кога тројца браќа, американски војници, загинуваат во ист ден, па командата одлучува најмладиот брат, војникот Рајан, да биде спасен и вратен дома. Капетанот Џон Милер со својата единица го бара Рајан, поминувајќи низ бројни опасности, но кога ќе го пронајдат, Рајан одбива да ги напушти другарите.[1]

Филмот започнува така што еден постар ветеран, (Харисон Јанг), за време на посетата (со неговото семејство) на американските гробишта и меморијалниот центар во Нормандија, Франција, паѓа пред еден надгробен споменик, занесен од емоции.

Сцената се менува во почетокот на инвазијата на Нормандија, каде американските војници се борат на плажата Омаха со вкопаната германска пешадија и митралеските гнезда. Еден од луѓето кои го преживуваат првиот налет, капетанот Џон Х. Милер (Том Хенкс) од вториот баталјон ренџери, собира група војници и полека се пробива низ германската одбрана кон излезот од плажата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 15.