Сом
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Сомови Фосилен опсег: Upper Miocene - Recent |
|
|---|---|
| Silurus glanis | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Тип: | Хордати |
| Класа: | Actinopterygii |
| Ред: | Siluriformes |
| Натфамилија: | Siluroidea |
| Фамилија: | Siluridae Cuvier, 1816 |
| Родови | |
Сомови (Siluridae) е фамилија на риби мекоперки. Припаѓаат во најголемите слатководни риби во Европа.
Содржина |
[уреди] Изглед
Сомовите, обично се долги од 1.3-1.6 м и тешки 15-20 кг, иако во минатото биле ловени и многу поголеми примероци. Најчесто живеат при дното на големи, бавни реки и во езера. Деновите ги поминуваат скриени во дупки на дното, каде што се тешко забележливи благодарејќи на бојата. Околу устата имаат два долги и четири покуси мустаќи кои им помагаат во барањето на храната. Кожата им е мазна и не заштитена со крлушки, а препознатливи се и по малата и мошне долга подопашна перка. Видот им е прилично слаб, но слухот им е добро развиен.
[уреди] Исхрана
Сомовите се воглавно грабливци меѓутоа можат да се хранат и со многу други работи како што е исхрана со органски отпадоци или пак разни паразитски врсти (кои ја цицаат крвта на други риби). Активни се ноќе кога се хранат со риби, ракови, но и со помали водни птици и цицачи.
[уреди] Размножување
Мажјаците на сомот ги чуваат младите кои женката ги полага во слузава, леплива обвивка. Сомот е една од рибите кои рибарите со задоволство ги ловат, а често се приготвува како јадење.
[уреди] Значајни и необични видови
- Европски сом (Silurus glanis) достигнува должина од 4 до 5 метри и тежина од 400 kg па со тоа претставува и најголема слатководна риба во Европа. Не само по големината, оваа врста е позната и по должината на животот, кој може да достигне старост и повеќе од 100 години. Во четвртата година од животот достигнува полна зрелост. Има три пара на израстоци околу устата (бркови) од кои едниот пар е на горната вилица, многу поголем од другите. Се мрестат во парови и се грижат за своите потомци. Сомот ги населува реките и мирните води како што се езерата во централна и источна Европа како и западна и југозападна Азија. За свое место на живеење го избира мекото, мрачно дно и се врзува за него, така што многу ретко го напушта на подолг период.
- Малечок сом или амерички сом (Amiurus nebulosus) претците му се од Северна Америка и , како што кажува и неговото име, има многу помали димензии од својот род, европскиот сом. Може да достигне должина од 0,5 метри и тежина од околу 0,5 кг.
- Електричен сом (Malopterurus elecricus) живее во реките во Африка. Достигнува должина од 0,5 m. Во можност е до создаде електричен напон од 350 V со што може да претставува опасност за човекот.
