Жорж Кивје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Жорж Кивје

Жорж Леополд Кивје (француски: George-Léopold-Chrétien-Frédéric-Dagobert Cuvier; 1769-1832) бил истакнат француски природонаучник. Се смета за основач на споредбената анатомија и палеонтологијата. Бил член на Француското географско здружение.

Брат е на Фредерик Кивје. Под раководството на Жорж Кивје ги обучувале Жан-Виктор Одуен и Анри Милан-Едвардс.

Биографија[уреди]

Роден е во 1769 година во Мемпелгард (Mömpelgard или Montbéliard), кој тогаш припаѓал на Виртемберг. Тука одел на училиште и морал да се подготви за звањето пастор (Кивје припаѓал на протестантско семејство), но непријателството кон него од страна на директорот на гимназијата во која учел го спречило ова. Подоцна Кивје се запишал на каролинска академија (Karlsschule) во Штутгарт, каде го избрал факултетот за камерални науки, што му дало можност да се запознае со природознанието, кон кое развил склоност уште од детството.

Во 1788 година Кивје бил тутор на грофот Дериси (фр. d'Hericy) во замокот Фикенвил во Нормандија, каде ја искористил блискоста на морето за да ги истражува морските животни. Запознавајќи се со Тесие, Жорж Кивје по негова желба давал курсеви по ботаника за лекарите од болницата со која раководел Тесие и благодарение на врските на Тесие со париските научници, стапил во контакт со најеминентните природонаучници, на чија покана допатувал во Париз, каде во 1795 година станал професор во централната школа Пантеон.

Кратко по ова, Кивје бил назначен за помошник на Мертру (фр. Mertrud), предавач по споредбена анатомија во ботаничката градина, а во 1796 година бил назначен за член на националниот институт; во 1800 година ја заземал катедрата по природонаука во Францускиот колегиум; во 1802, по смртта на Мертру за зазел катедрата по споредбена анатомија во Jardin des Plantes. Во периодот од 18091811 година организирал предавања во новоприклучените области анексирани кон империјата; пдоцна служел во државниот совет: во 1822 година на него му бил предаден надзорот над протестантските теолошки факултети

Тој бил член на Француската академија, кога Луј-Филип бил пер на Франција.

Починал во 1832. Неговото име е внесено во списокот на најголемите научници на Франција, сместен на првиот кат од Ајфеловата кула.

Научна дејност[уреди]

На оваа илустрација се претставени вилици од индиски слон и мамут. Таа била додадена 1799 година во една статија на Кивје од 1796 за живите и фосилни слонови.

Кивје бил најистакнатиот зоолог од крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Особено драгоцени заслуги има во полето на споредбената анатомија: тој не само што ја истражувал градбата на многу животни, туку воспоставил и бројни многу значајни теоретски гледишта; тој го открил законот за сооднос меѓу органите, според кој промената кај еден од органите е придружена со неколку промени кај други органи. Кивје го востановил поимот тип и во голема мера ја усовршил класификацијата на животните. Првите негови истражувања во областа на зоологијата се посветени на ентомологијата, а по нив следувале низа работи на полето на споредбената анатомија на различните животни (1792-1800), потоа ,,Lecons d’anatomie comparés‘‘ (најпрво во 5 тома во Париз 18011805; новото издание во 8 тома е издадено од неговите ученици по неговата смрт, во 1836-46), а како дополнување на ова дело послужила ,,Mémoires pour servir à l’histoire et à l’anatomie des mollusques‘‘ (Париз, 1816). Својата класификација тој ја развил во статијата ,,Sur un nouveau rapprochement à établir entre les classes qui composent le règne animal‘‘ (1812, во журналот ,,Annales d’histoire naturelle‘‘, т. XIX); понатаму ја издал ,,Règne animal‘‘ (4 тома, Париз, 1817; 2-то преработено издание било во 5 тома од 1829 година и неколку други изданија потоа); заедно со Валансен тој ја започнал книгата ,,Histoire naturelle des poissons‘‘ (22 тома, Париз, 1828-49; по смртта на Кивје изданието продолжил да го пишува, но не го завршил Валансен).

Важно значење имале истражувањата кои Кивје ги вршел на фосилите на ‘рбетниците, кај кои мошне успешно ги применувал принципите на споредбената анатомија. Во врска со ова, тој изјавил:

Дајте ми коска, и јас ќе составам животно.

Во 1812 година ја објавил ,,Recherches sur les ossements fossiles‘‘ (4 т.; 4-тото издание во 12 тома во 1830-37 г.). Кивје бил поддржувач на постојаноста на видовите и главен противник на следбениците на теоријата за еволуција (Ламарк, Сент-Илер). Истражувањата на Кивје вршени на фосилите во парискиот басен го довеле до теоријата на катастрофи, според која секој геолошки период поседувал своја фауна и флора и завршувал со голем преврат, катастрофа, при која загинувал целиот жив свет, а новиот никнувал како резултат на ново творечко дејство. Учењето за катастрофите го изложил во ,,Discours sur les revolutions de la surface du globe et sur les changements qu’elles ont produits dans le règne animal‘‘. Теоријата на катастрофите била предмет на дискусија, одбиена од страна на научната јавност благодарејќи на работата на Чарлс Лајел.

Меѓутоа, откажувањето од идеите на катастрофизмот не било конечно: во првата половина на 20 в. тие делумно се преродиле во форма на т.н. неокатастрофизам — претстава за истовременото создавање на планините на Земјата, со што се нарушувале долгите епохи на релативен мир и еволуција на Земјината кора.

Литература[уреди]

Викиизвор
Викиизвор има текст за
Жорж Кивје
  1. Lee, «Memoires of Baron Cuvier» (Лондон, 1833);
  2. Pasquier. «Eloge de Cuvier» (П., 1833);
  3. Ducrotay de Blainville, «Cuvier et Geoffroy St.-Hilaire» (в «Biographies Scientifiques», Париж, 1890);
  4. Энгельгард, «Жорж Кювье»(в издании Павленкова: «Жизнь замечательных людей. Биографическая библиотека», 1893).
  5. Профили на научниците — Жорж Кивје.