Словенечка извозна и развојна банка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Словенечка извозна и развојна банка (словенечки: Slovenska izvozna in razvojna banka, SID banka) претставува државна институција за осигурување и финансирање на извозот, како и поддршка на претприемништвото и економскиот развој, воопшто. Банката е во целосна државна сопственост.

Историја[уреди | уреди извор]

Со цел да се обезбеди осигурување и финансирање на извозот, во 1992 година Словенија формирала посебна јавна институција за оваа намена, под името: "Словенечко друштво за осигурување и финансирање на извозот на Словенија" (Slovenska izvozna družba za zavarovanje in financiranje izvoza Slovenije). Покрај со поддршка на извозот, таа се занимавала и со поддршка на претприемништвото, односно на економскиот развој на Словенија. Затоа, во 2006 година институцијата била преименувана во Словенечка извозна и развојна банка (SID). Во истата година, SID добила дозвола од Централната банка на Словенија за обезбедување банкарски и други финансиски услуги за потребите на словенечките претпријатија.[1]

Сопственичка структура[уреди | уреди извор]

Основачкиот капитал на банката изнесува 300 000 090,70 евра, а Република Словенија е единствениот сопственик. На крајот од 2011 година, сопственичката структура на банката била следна:

Табела 1. Сопственичка структура на SID (31 декември 2011)[2]

Акционери Број на акции Учество во сопственоста (во %)
Република Словенија 3 103 296 99,4
Сопствени акции на SID банката 18 445 0,6
Вкупно 3 121 741 100

Мисија, визија и цели[уреди | уреди извор]

Мисијата, визијата и основните цели на SID банката се слично дефинирани како и оние на KfW банката за мали и за средни претпријатија, со нагласување на определени сектори во кои Словенија има компаративни предности. Долгорочните развојни цели на банката се однесуваат на следниве области:[1]

Активности и финансирање[уреди | уреди извор]

Сите услуги на банката се поделени во неколку групи (именувани слично како и целите), при што како основен приоритет се нагласува развојот на општество на знаење и иновативно претприемништво. Во актите на банката се нагласува нејзината активност во областа на финансирањето на интернационализацијата на малите и средни претпријатија, во поддршката на финансирањето на истражувањето и развојот и на иновациите на малите и средни претпријатија, регионалниот развој во чии рамки малите и средни претпријатија имаат централно значење итн. Основните извори на средства на SID се:[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „SID banka“. Архивирано од изворникот на 2014-08-31. Посетено на 2014-07-29.
  2. SID, Annual Report of SID Bank and SID Bank Group for 2011
  3. „SID“. Архивирано од изворникот на 2014-08-31. Посетено на 2014-07-29.