Слободан Угриновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слободан Угриновски
Роден(а)1 февруари 1948
Починал(а)24 ноември 2018(2018-11-24) (возр. 70)
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
НародностМакедонец
Занимањеполитичар и стопанственик

Слободан Угриновски (1 февруари 1948 - Скопје, 24 ноември 2018) — македонски политичар и стопанственик.

Животопис[уреди | уреди извор]

Угриновски е роден на 1 февруари 1948 година. Негов син е македонскиот музичар и фоторепортер Никола Угриновски - Угро. Во периодот од 1973 - 1983 година, уште како студент на Архитектонско-градежниот факултет, тој соработувал со Службата за државна безбедност, чие досие се водело под псевдонимот „Ле Корбизје“.[1][2] На 26 октомври 2005 тој го формира Сојузот на Титови леви сили, која е македонска вонпарламентарна комунистичка политичка партија која се раководи според идеологијата на Јосип Броз- Тито. До смртта бил нејзин претседател. Од 2017 година бил член на советот на Град Скопје.[3] Починал ненадејно на 24 ноември во Скопје.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-12. Посетено на 2018-11-25.
  2. „СТАНУВА ЛИ ЛУСТРАЦИЈАТА ИНКВИЗИЦИЈА?“. Архивирано од изворникот на 2020-08-03. Посетено на 2018-11-25.
  3. „Слободан Угриновски -ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ“. Архивирано од изворникот на 2011-05-02. Посетено на 2018-11-25.
  4. „Ненадејно почина Слободан Угриновски“. Архивирано од изворникот на 2021-09-19. Посетено на 2018-11-25.