Славе Лазарески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славе Лазарески
Роден 1921 година
Пополжани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 7 октомври, 1943 година
Горна Душегубица, Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Славе Димов Лазарески ( 1921 во Пополжани, Кичевско7 октомври 1943 во Горна Душегубица, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје од НОБ во селото Горна Душегубица.

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснал во семејство кое се занимавало со земјоделство. Бидејќи бил определен за борба против фашистичкиот окупатор, во летото 1943 година заминал партизан во составот на Групата баталјони. Со паѓањето на слободно Кичево во непријателски раце, кога Групата баталјони водела борба кај селото Кленоец на 5 и 6 октомври 1943 година, Славе со една група борци водел борба со балистите под селото Душегубица во која борба загинал на 7 октомври 1943 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 78.