Сино знаме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Blue Flag Logo.svg
Сино знаме, 2007
Сино знаме, 2007

Плажа со сино знаме е морска или езерска/речна рекреациска плажа која што ги исполнува строгите услови за време на целата претходна капачка сезона. Статусот на сино знаме се применува исто така и на марини.

Статусот на сино знаме е доделен на плажи во повеќе од триесет држави во Европа, Јужна Африка, Нов Зеланд, Канада и Карибите, засновајќи се на стандарди и критериуми кои ги определува и раководи независна непрофитна организација, кампањата на фондацијата за образование за околината (англиски јазик: Foundation for Environmental Education).

За да се исполнат критериумите потребни за добивање на статус на сино знаме, потребно е исполнување на стандарди за квалитет на водата, безбедност, обезбедување на услуги како и општо управување на околината. Чистото и безбедно капење е овозможено во околина без кучиња.

Во Европа, стандардите за квалитет на водата се определуваат од страна на директивата за капачки води на ЕК.

Правото на истакнување на сино знаме на плажа или рекреативна водна површина е силен показател на високи стандарди на околината и е многу ценето и наградувано од страна на локалните власти и рекреативните центри на вода.

Во 2008, Шпанија имала 455 плажи со сино знаме, Грција била на второ место со 430, а Турција трета со 258. Грција има најмногу сини знамиња во Средоземното Море.

Надворешни врски[уреди]