Сергеј Шубенков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сергеј Шубенков
Шубенков на Европското првенство во 2014
Лични податоци
Роден(а)10 октомври 1990(1990-10-10)(33 г.)
Барнаул, Русија
Висина&100000000000001900000001,90 м
Тежина75 kg (165 lb)
Спорт
Земја Русија
СпортАтлетика
Дисциплини110 м со пречки
ТренерСергеј Клевцов

Сергеј Владимирович Шубенков (роден на 4 октомври 1990 г.[1]) е руски атлетичар кој е специјализиран за трката на 110 метри со пречки.

Животопис[уреди | уреди извор]

Шубенков почнал да се занимава со атлетика на 14 години, најпрво во скок во далечина и во спринтерските дисциплини, но подоцна се специјализирал за трките со пречки. Тој е син на Наталија Шубенкова, поранешна советска седмобојка која е една од најдобрите на сите времиња во таа дисциплина.[2]

Шубенков го освоил златниот медал на трката на 110 метри со пречки на Европското првенство 2012 во Хелсинки со време од 13.16 секунди. Тој настапил на Летните олимписки игри 2012, но својот настап го завршил во полуфиналето. Следната година, Шубенков станал европски шампион во сала, победувајќи на трката на 60 метри со пречки на Европското првенство во сала во Гетеборг.

На Европското првенство 2014, тој го одбранил златниот медал освоен пред две години, и повторно станал европски шампион на 110 метри со пречки, остварувајќи резултат од 13.19 секунди. Неговиот најдобар резултат во кариерата од 12.98 секунди забележан во 2015 година е воедно и актуелен руски државен рекорд.

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
60 метри со пречки (во сала) 7.49 секунди Гетеборг, Шведска 1 март 2013
110 метри со пречки (на отворено) 12.98 секунди Пекинг, Кина 28 август 2015

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IAAF bio
  2. Jackson's visit is 'the top' for European champion Shubenkov. IAAF (2013-05-07). Посетено на 2013-05-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]