Савани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Typical tropical savanna in Northern Australia demonstrating the high tree density and regular spacing characteristic of many savannas.

Саваните се предели со високи треви (2-4м) во тропските области, кои се одликуваат со влажен и сув период во годината. Саваните најчесто се рамничарски предели со помалку речни текови. Се простираат северно и јужно од тропските шуми. Низ саваните се наоѓаат осамени дрвја - акација, баобаб и евкалиптус. Дрвјата баобаб достигнуваат височина од околу 20м, а можат да имаат стебла со дебелина од околу 9м. Саваните се изразито сточарски области. Во нив живеат разни тревопасни (жирафа, зебра, антилопа, слон, бивол, носорог и др.) и месојадни животни (лав, леопард, гепард, хиена и др.)

San Rafael Gran Sabana, Venezuela.