Саат-кула (Ресен)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саат-кула Ресен
Цртеж на саат-кулата во Ресен од британската истражувачка Едит Дарем, 1905 г.
Општи податоци
Стилосманлиска архитектура
ГрадРесен
ЗемјаМакедонија
Урната1908

Саат-кула (Ресен) — поранешно времемерно здание во градот Ресен.[1]

Била сместена во центарот на градот, во срцето на чаршијата.

Историја[уреди | уреди извор]

Не се знае кога била изградена. Истата изгорела во 1908 година за време на Младотурската револуција, кога ресенската чаршија била запалена од Нијази-бег.[1]

Српскиот патописец Јован Хаџи Василевиќ го посетил Ресен двапати, во 1897 и 1912 година. Во неговото дело „Ресен и неговата околина“, објавено во 1927 година, за ресенската саат-кула напишал дека ѕвоното на кулата е донесено од страна на Турците од црква кај Лева Река.[2]

Обнова[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, градот Ресен решил да постави часовник на камбанаријата на градската црква „Св. Ѓорѓи“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Димовска-Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
  2. 2,0 2,1 „И Ресен имал своја саат-кула“. Општински Информативен Центар - Ресен. Посетено на 2019-05-01.