Саат-кула (Крива Паланка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саат-кула Крива Паланка
Општи податоци
Стилосманлиска архитектура
ГрадКрива Паланка
ЗемјаМакедонија
ПочнатаXVIII-XIX век
Урната1958

Саат-кула (Крива Паланка) — времемерно здание во градот Крива Паланка.[1]

Била сместена на една височинка од десната страна на магистралниот пат кон Бугарија, кој поминува низ градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Се смета дека била изградена кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век. Поради дотраеност била урната во 1958 година.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Имала квадратна основа и висина од 12 метри.[1]

Била изѕидана од камен дебел половина метар, а во внатрешноста воделе дрвени скали. Најгоре се наоѓал механизмот на часовникот и големо месингено ѕвоно. Механизмот бил поврзан со две дебели јажиња со тегови, кои наизменично се кревале и спуштале во дупка. За часовникот се грижел Али-бег, познат саатчија. Се навивал секои 24 часа.[2]

Обнова[уреди | уреди извор]

Со обновата на административната зграда на Општина Крива Паланка, градот Крива Паланка повторно добил градски саат, кој бил поставен на врвот на новата зграда.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Димовска-Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
  2. 2,0 2,1 „Градски саат пак ќе заѕвони во Крива Паланка“. Општина Крива Паланка. 2013-03-14. Посетено на 2019-05-01.