Саат-кули во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битолската, пример за зачувана саат кула
Кичевската, пример за разурната саат кула
Велешката, пример за кула стражарница
Крушевската, пример за саат кула камбанерија

Саат-кулите на подрачјето на Македонија под османлиската империја започнале да се градат некаде во средината на XVI век[1]. Нивната распростратост била условена од урбанистичкиот развој, а и од верските потреби што ги вршеле исламските верници во одредено време на денот. Заради читање на времето, на едната или на сите четири страни на кулите се поставувани јавни часовници. Најпрвин саатовите го отчукувале времето „алатурка“ (месечев часовник), а подоцна „алафранга“ (европски). Според еден француски патописец од XVI век, првата саат кула била подигната во Скопје меѓу 1566 и 1572 година, а саатот бил донесен од освоениот сигет. Во градската силуета на речиси сите градови во Македонија, со оглед на нивната ориентална матрица, покрај џамијата, црквата, безистенот, анот и амамот влегувала и саат кулата, која претставувала важен архитектонски елемент во јавниот живот на градот. Саат кулите биле градени најчесто во централните зони на чаршијата, покарј џамија, но ги има и на други места и претставувале дел од поголемиот урбан комплекс. Тоа се високи градби со четвртеста основа, ѕидани најчесто од камен и покриени со четирисливен покрив. Пропорците на саат кулите биле одредувани според големината на чаршиите. Највисоката саат кула се наоѓа во скопската чаршија.

Поделба[уреди]

Според некои македонски архитекти, Саат кулите во Македонија може да се поделат во 4 групи:[1]

  • Зачувани оригинални саат кули (Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Гостивар Свети Николе);
  • Кули стражарници, односно станбено одбранбени кули адаптирани во саат кули (Велес, Штип, Кратово, Кочани);
  • Разурнати саат кули (Стар Дојран, Неготино, Тетово, Кичево, Крива Паланка, Ресен, Струга, Куманово Дебар);
  • Саат кули камбанарии (црквата св. Никола во Крушево, црквата во Берово).

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008) (на македонски). „Саат кулите во Република Македонија“. Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0. http://www.kalamus.com.mk/pdf_spisanija/patrimonium_3/036%20-%2035%20Spisanie%20Vera%202010.pdf. 

Надворешни врски[уреди]