Руски споменик (Софија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руски споменик
Руски паметник
Sofia-Russian-monument-east.jpg
Податоци
Локација Софија
Земја Бугарија

Руски споменик е споменик кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Овој споменик бил првиот кој бил изграден во бугарската престолнина по нејзиното ослободување и создавање на Кнежество Бугарија, на 29 јули 1882 година.

Споменикот бил изграден со средства кои биле обезбедени од страна на рускиот народ. Точниот архитект на споменикот не е познат, но се смета дека бил Вокар, кој имал свои проекти во Добрич, Плевен и дуги градови од Бугарија. Споменикот претставува обелиск во форма на четириаголна пирамида. Од неговата источна страна се наоѓа рускиот државен грб и рускиот орден за храброст Свети Георгиј.

Со проширувањето на градот, споменикот станал центар на понатамошните изградби на тој дел од градот. Во негова близина денеска се наоѓа плоштадот Македонија и местото Петте агли.


Галерија [уреди]