Руски 'рт

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Руски 'рт“ (српски: Руски хрт) — збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ, првобитно објавена во 1979 година. Во 1986 година, во рамките на библиотеката „Посебни изданија“, издавачката куќа „Књижевне новине“ од Белград го објавила проширеното издание на збирката, со наслов „Руски 'рт и нови раскази“ (српски: Руски хрт и нове приче), кое содржи два дополнителни расказа.

Содржина[уреди | уреди извор]

Првото издание на збирката од 1979 година содржи 19 раскази:[1]

Проширеното издание на збирката од 1986 година со наслов „Руски 'рт и нови раскази“ содржи уште два расказа како дел од циклусот „Две смрти“, и тоа:

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Во поговорот кон збирката „Руски 'рт“, Павиќ пишува за обидот да се создаде книжевност која е наменета истовремено за сегашните читатели и за читателите од иднината. Притоа, тој наведеува дека збирката содржи два посебни и заокружени расказа кои меѓу себе се наоѓаат „во тајна врска“ при што едниот расказ е „Варшавскиот агол“, додека другиот треба да го открие самиот читател.[2]

Инаку, збирката била пречекана со многубројни пофалби од книжевната критика:[3]

  • „Книга на изобилство... Човек се чувствува добро читајќи ја оваа книга, задоволен е што тој простор во кој постои книгата може да го нарече свој. Истовремено е зачуден од културата која таа ја носи во себе, а која не ја познава. Вредностите кои ги застапува оваа книга стануваат аргументи на стварноста во нашиот сопствен живот...“ (Миодраг Павловиќ)
  • „Морам да признам дека под рувото на фантастиката на Милорад Павиќ се крие едно проклетство на родот, фролено на сите нас, проклетство чиј пророк е самиот Павиќ.' (Божо Вукадиновиќ)
  • „Ако меѓу нашите живи писатели постои некој кој може да напише расказ со авторитетот на класиците, а притоа ја носи и радоста на новооткриеното, тогаш тоа е Милорад Павиќ.“ (Преград Миловановиќ)
  • „Писателот на оваа книга смее да говори од гледна точка на наследникот на балканските цивилизации... затоа што умеел да го најде патот до вредностите на тие минати епохи чии духовни редности траат и денес.“ (Милан Комнениќ)
  • „Тоа се раскази мазни и течни, направени сосема поинаку од сето она што во исто време настануваше кај нас... Расказите се јасни, смирувачки и ја доведуваат душата во ред... полни се со пословици и изреки за кои читателот би помислил дека извираат од заедничкото племенско и јазично наследство.“ (Драго Бајт)
  • „Павиќевиот творечки напор ја означува секако една од најрадикалните потврди на еволутивниот раст на повоената српска проза.“ (Марко Недиќ)
  • „Павиќ откри нови можности за раскажување и тој умешно ги користи.“ (Сава Бабиќ)
  • „Павиќевите раскази... спаѓаат меѓу најостварените страници на модерната српска проза.“ (Драшко Реѓеп)
  • „Павиќ во своите кратки прози отвора нов и неискористен раскажувачки вид... Допирајќи ги неспознајните граници на мистичното и натприродното во вителот на стварноста и фантазијата... тие извонредни прозни текстови во денешната српска книжевност претставуваат автентичан свежина, нешто што таа досега, всушност, го немаше.“ (Предраг Палавестра)
  • „Овој автор открива нови можности на фантастиката таму каде теоретичарите одамна ги каталогизираа сите теми, а некои цели ги означија како недостижни.“ (Влада Урошевиќ)
  • „Да се читаат повеќепати Павиќевите раскази значи на еден определен начин да се учествува во нивното создавање, да се помине повторно патот од првата реченица до „заплетот“ на крајот. И најпосле, ќе остане забележано дека има малку писатели кои со толкава суптилност ги завршуваат своите раскази отворајќи ги уште еднаш на крајот.“ (Миливој Ненин)
  • „Иако Милорад Павиќ е блескав ерудит, научник на логичката опсервација, неговито раскажувачки опус во целост е свртен против рационализмот на традиционалниот расказ.“ (Бранимир Донат)
  • „... вообичаениот однос меѓу животот и литературата овој автор темелно го промени.“ (Снежана Брајовиќ)
  • „Павиќ останува единствен сведок на еден општ процес во светот. Оттука, неизбежно мораме денес да го признаеме она во кое убедливо нè уверува Павиќевата писателска авантура, дека во иднина мораме со невозможното и фантастичното, со една многудимензионална состојба на темпоралната акција во книжевниот чин и во стварноста, да ја сметаме како еден, сосема рамноправен со другите, елемент на светот во кој живееме.“ (Јовица Аќин)
  • „Павиќ е класик и антикласик во ист миг, и тоа не грубо, иконоборно, туку добродушно, со разбирање; читателот така речи го води за рака и му помага да пристапи во светот на фантастиката и во него да се чувствува како дома, зашто самата така подготвен и поткован потоа навистина ќе се снајде во вистинскиот свет на денешната стванрост.“ (Јанко Модер)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986.
  2. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 165.
  3. „O Pavićevim pričama“, во: Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 185-188.